ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Директорот на Бионтек тврди дека вакцината веројатно е ефикасна против Омикрон

November 30, 2021 22:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцината против Ковид-19 на Фајзер и Бионтек веројатно ќе понуди силна заштита од потешка форма на оваа болест предизвикана од новиот сој на коронавирусот Омикрон, најави извршниот директор на Бионтек, Угур Сахин.

Тој потврди дека е направена лабораториска анализа на крвта кај луѓе кои примиле две или три дози од вакцината на Фајзер/Бионтек, што во следните две недели ќе одговори дали нивните антитела се ефикасни против Омикрон или дали се потребни нови вакцини.

– Сметаме дека е веројатно дека луѓето кои ја примиле оваа вакцина ќе имаат значителна заштита од тешки форми на болеста предизвикани од Омикрон, рече Сахин.

Тој објасни дека тешка форма на болеста значи онаа која бара болничка или интензивна нега и очекува дека лабораториските тестови ќе покажат послаба ефективност на вакцината во смисла да спречи благи и умерени форми на болеста поради Омикрон, но дека е тешко во овој момент да се предвиди во кој степен ќе биде.

Сахин, исто така, рече дека неговата компанија Бионтек забрзано работи на подобрена верзија на својата вакцина, иако сè уште не е познато дали тоа ќе биде неопходно.

Научниците од британскиот Универзитет во Оксфорд денеска изјавија дека нема докази оти анти-ковид вакцината нема да спречи посериозен тек на болеста предизвикана од омикрон, но и дека се подготвени брзо да развијат модифицирана верзија на вакцината со компанијата Астра Зенека, ако е потребно.

Извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел претходно рече дека вакцините против ковид најверојатно ќе бидат помалку ефикасни против Омикрон.

Next Post

Намалување на бројот на новозаразени, награда за матичните лекари со повеќе од 70 % вакцинирани пациенти

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk