ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поскоро затворање на термоелектраните на јаглен во фокусот на новата кампања „Обединет Балкан за чист воздух“

December 1, 2021 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Што поскоро да се затворат термоелектраните на јаглен во регионот, а граѓаните да учествуваат во одлучувањето е фокусот на регионалната кампања „Обединет Балкан за чист воздух“ која ќе се одржи втора година по ред.

Целта на кампањата која почнува од 20 декември, е да се подигне свеста на граѓаните во регионот за причините и последиците од аерозагадувањето, можните начини за подобрување на квалитетот на воздухот, и борбата за поздрава животна средина преку регионална солидарност.

„Обединет Балкан за чист воздух“ е имплементиран од Европскиот фонд за Балканот, поддржан од бројни организации: Еко Форум од Зеница, Институт за територијално управување со животната средина од Тирана, Сбункер и Балкан Грин Фондација од Приштина, Air Care од Скопје, ОЗОН од Подгорица, Регулаторниот институт за обновливи извори и животна средина и Отворено училиште во Белград.

-Оваа година, кампањата ќе се фокусира, меѓу другото, на последиците од загадувањето предизвикано од електраните на јаглен, како и загадувањето кое потекнува од тешката индустрија. Учесниците во информативната кампања се залагаат за брзо затворање на електраните на јаглен и итно усогласување на загадувањето од тешката индустрија со соодветната регулаторна рамка. Бараме и граѓаните да бидат вклучени во носење одлуки за еколошки дозволи и други документи во врска со производните погони, наведуваат од Европскиот фонд за Балканот.

Согорувањето на јаглен, како што се посочува, е најголемиот поединечен извор на загадување на воздухот во Западен Балкан, при што главна улога играат термоелектраните. Само термоелектрана „Угљевиќ“ испушта повеќе сулфур диоксид (107.402 тони во 2020 година) од вкупните дозволени емисии на сите постројки опфатени со националните планови за намалување на емисиите (103.682 тони). Оттука, се додава, само оваа електрана ги надминува сите годишни вредности собрани заедно.

Увозот во ЕУ на електрична енергија произведена од Западен Балкан изнесува 0,3 отсто од електричната потрошувачка на ЕУ, но емисиите на сулфур диоксид од ова производство претставуваат 50 отсто од сите емисии на термоелектраните на ЕУ.

Јагленот освен во индустријата се троши и во домаќинствата и во топланите; па според уечсниците во кампшањата, престанокот на употребата на ова фосилно гориво ќе го елиминира главниот извор на загадување на воздухот во Западен Балкан.

-Загубата на бруто домашниот производ поради загадениот воздух на Западен Балкан само во 2016 година изнесува 8,5 милијарди евра. Наместо да се градат и реновираат термоелектрани, средствата од буџетот би можеле да се насочат за социјални програми и преквалификација на работниците, како и изградба на соларни централи на местото на рудниците за јаглен кои би ги замениле капацитетите за производство на електрична енергија. На тој начин, трансформацијата на индустријата би можела да биде најзелена на континентот, посочуваат  од Европскиот фонд за Балканот.

Преку борба заснована на солидарност, порачуваат од овој фонд, граѓаните на Западен Балкан можат да работат заедно за да постигнат почисти технологии и поздрава иднина.

извор: МИА
Next Post

Кардула: Мотивот на Своч часовникот е ликот на Дениција, како инспирација од македонската поезија

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk