ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Британскиот премиер Џонсон го назначи Стјуарт Пич за специјален претставник за Западен Балкан

December 2, 2021 14:54
in ДЕНЕС, РЕГИОН
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот премиер Борис Џонсон го назначи Стјуарт Пич за специјален претставник за Западен Балкан како дел од континуираната посветеност на Обединетото Кралство на стабилноста и просперитетот во регионот, соопшти британската Амбасада во земјава.

Оваа улога тој ја презема  по повлекувањето од функцијата претседавач со Воениот комитет на НАТО на почетокот на оваа година, улога што ја извршуваше од 2018 година. Претходно, беше началник на Генералштабот на Обединетото Кралство.

Како што се наведува во соопштението, како специјален претставник на премиерот за регионот кој ги вклучува Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, сер Стјуарт ќе работи со лидерите од Западен Балкан, и други претставници од регионот, како и со нашите сојузници од САД и Европа во поддршка и зајакнување на регионалната стабилност. Неговата работа, исто така, ќе вклучува промовирање на силни демократски институции и отворени општества, помагање во справувањето со сериозниот и организиран криминал и други заеднички безбедносни предизвици, како и поддршка во решавањето на наследените прашања како што се воените злосторства и исчезнатите лица. Поврзано со последното, Обединетото Кралство, исто така, се посочува, ќе продолжи да ја предводи работата во врска со унапредувањето на родовата еднаквост и спроведувањето на иницијативата за спречување на сексуалното насилство во конфликтите. Во Босна и Херцеговина (БиХ), ангажманот на сер Стјуарт ќе биде поддршка на ангажманот на меѓународниот Висок претставник, Кристијан Шмит, кој продолжува да ја има целосната поддршка од Обединетото Кралство. Во Србија и Косово, ќе работи со нашите партнери во поддршка на Дијалогот помеѓу Србија и Косово, потпомогнат од ЕУ.

-Високиот претставник предупреди дека Босна и Херцеговина се соочува со најголемата егзистенцијална закана од нејзиниот повоен период и дека постои реална перспектива за натамошна поделба и конфликт. Заедно со меѓународните партнери, Обединетото Кралство работи на справување со сите закани по стабилноста во согласност со Дејтонскиот мировен договор, кој го поткрепи 26-годишниот тешко стекнат напредок во Босна и Херцеговина. Обединетото Кралство, исто така, помага во решавањето на другите регионални предизвици, вклучително и поддршката за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и борбата против организираните криминални групи. Обединетото Кралство ќе игра важна улога, во непосредна соработка со владите во регионот и нивните меѓународни партнери.

Премиерот Борис Џонсон рече дека Обединетото Кралство е длабоко посветено на европската безбедност, а  Западниот Балкан ја доживува најголемата закана по неговата стабилност и безбедност во повеќе од две децении.

-Имаме одговорност да направиме сè што можеме за да ги зачуваме придобивките постигнати преку мир и дијалог – не можеме да дозволиме враќање кон насилството и поделбите од минатото. Големото искуство и експертиза на Сер Стјуарт ќе ги зајакне меѓународните напори за заштита на мирот и промовирањето на евроатланската интеграција во овој клучен регион, вели Џонсон.

Министерката за надворешни работи Лиз Трас рече дека назначувањето на Сер Стјуарт е јасен доказ за посветеноста на Обединетото Кралство на Западен Балкан како и на одбраната и промовирањето на слободата и демократијата во регионот. -Со нетрпение очекувам да ги продлабочиме нашите економски и безбедносни врски со Западен Балкан и да работиме заедно во одвраќањето на малигните актери. Сер Стјуарт ќе игра клучна улога во тој наш ангажман, вели министерката Трас.

Рејчел Галовеј рече дека како амбасадор на Обединетото Кралство во Северна Македонија силно го поздравува назначувањето на Сер Стјуарт Пич за Специјален претставник за Западен Балкан на Премиерот. Во непосредна соработка со британските амбасади во регионот Сер Стјуарт ќе работи со лидерите од Западен Балкан и со нашите сојузници во поддршка и зајакнување на регионалната стабилност. Неговото назначување, додава таа, е силен сигнал на континуираната британска посветеност на зајакнувањето на нашите врски со земјите од Западен Балкан и на безбедноста и просперитетот на овој важен регион. Со нетрпение очекувам да соработувам со него.

За политичката ситуација на Западен Балкан се разговараше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига, а ќе биде и на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Ливерпул, кој беше најавен претходно во текот на оваа недела, стои во соопштението./MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Европската перспектива на Република Северна Македонија тема на средбата на Радев со Штајнмајер

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk