Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за внатрепартиските непосредни избори поднесе Јован Деспотовски, известуваат од СДСМ.
„До Централната изборна комисија, Деспотовски ја достави и неговата програма насловена „Концепт 28“ во која фокус се луѓето. Основната цел е обезбедување на повисок квалитет на живот за сите граѓани, којашто нуди поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките и мерките.
Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континутет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година”, стои во соопштението на СДСМ.