ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Талибанците забранија принудни бракови за жени во Авганистан

December 3, 2021 21:03
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Талибанските власти во Авганистан денеска соопштија дека ќе забранат присилни бракови за жени, што се смета за еден од предусловите меѓународната заедница да ја признае нивната власт и да ја обнови финансиската помош за земјата разурната од војна.

Указот беше издаден од талибанскиот лидер Хибатулах Акунзада, во време на широко распространета сиромаштија во Авганистан, која расте откако талибанците насилно ја презедоа власта во август, по повлекувањето на американските и НАТО трупите.

Откако талибанците дојдоа на власт, други земји ја прекинаа финансиската помош за Авганистан, која беше главен столб на економијата на земјата до ова лето.

Во декретот се наведува дека жените и мажите „треба да бидат еднакви“ и оти „никој не може да ги принудува жените да стапат во брак под принуда или притисок“.

Правата на жените значително се подобрија во изминатите две децении, за време на меѓународното присуство во Авганистан, но многумина сметаат дека се загрозени по враќањето на талибанците на власт.

За време на претходното владеење на екстремистичката група, од 1996 до 2001 година, на жените им беше забрането учество во јавниот живот и пристап до образование.

Присилните бракови станаа секојдневие во сиромашната, конзервативна земја, бидејќи внатрешно раселените ги мажат младите ќерки во замена за пари за да ги платат долговите и да ги прехранат семејствата.

 

избор миа.мк
Next Post

Јовановиќ: Имаме многу предизвици, СДСМ мора да се обедини

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk