Прво сакам да ги чујам интрвјуата на кандидатите, па потоа да донесам конечна оценка, вели аналитичарот Ненад Јовановиќ во “Само вистина”
– За Фросина Ременски веќе имаме некакви познавања, Димитар Ковачевски сега го запознаваме, а СДСМ застапува инклузивни политики и затоа очекувам да се изнедри нов лидер, додава тој.
Според Јовановиќ во моментов на двете маси за преговарање се протежира Ковачевски, а сепак значајно е на која страна ќе се води политиката на СДСМ.
-Секој влегува со сопствени калкулации и математики, а СДСМ мора да го врати кохезивниот момент, да се обедини, ние видовме 60.000 апстиненти на изборите, кои веројатно оваа партика мора да се стави под контрола бидејќи имаме многу предизвици, економски, здравствени, еве и прашањето со Бугарија, дополнува Јовановиќ.
Дали една земја е демoкратска се гледа по тоа како се однесува кон малцинствата
Имаме многу слаба комуникација со Бугарија низ годините имаме некој ѕид и бледи информации и имаме тврда реторика и секогаш има на Балканот еден непријател која ја мобилизира внатрешната политика врз кпја се завефуваат широките народни маси на избори, вели аналитичарот Ненад Јовановиќ во “Само вистина”
Според Јовановиќ идејата на НАТО е да докаже на западните дојузници дека сме дел од западната цивилизација, не дека само не штити и дека немаме војска.
-А западната цивилизација работи на развој на правото, демократијата, а не дека ќе бидеме луѓе што го мразат македонизмот. Ако продолжиме со национализмот земјава ќе биде дезинтегрирана и луѓето ќе заминуваат. Ние соседите или не ги гледаме или кога ги гледаме не ги сакаме, додава Јовановиќ.
Според Јовановиќ макефонската влада покажа питомост, а Зоран Заев беше со поинаква реторика по однос на прашањето со Бугарија.
-Ние сме подемократска земја, ги признаваме малцинствата, а Бугарите велат дека ние немаме малцинства, а основен постулат дали една земја е де ократска е како се однесува кон малцинствата, додава Јовановиќ.