ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Куќен притвор за четири лица и мерки на претпазливост за едно лице за незаконско приватизирано земјиште

Од Судот информираат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

December 30, 2019 20:32
in ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на четири лица им определи мерка куќен притвор, а на едно лице мерки на претпазливост за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со противправна легализација на градежно земјиште во Тетово.

-Во Основниот кривичен суд Скопје, пред судија на претходна постапка, денеска, беа спроведени пет лица опфатени во предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против шест лица и мерки за претпазливост против две други лица, информираат од Судот.

По произнесување на спроведените лица во однос на предлогот, како и ценење на фактите и доказите во предлогот, судија на претходна постапка донел решение со кое на четири лица им определил мерка куќен притвор, додека на едно лице му определил мерки на претпазливост односно – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска за јавување на службено лице во судот.

Од Судот информираат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

-Едно лице опфатено со предлогот за определување мерка притвор сè уште не е обезбедено од органите на прогон додека другите две лица за кои се предлагаат мерки за претпазливост, повикани се во текот на утрешниот ден да се јават пред судија на претходна постапка за нивно произнесување во однос на предлогот на Обвинителството, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Надлежен обвинител при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе – наредба за спроведување на истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, за противправна легализација на градежно земјиште со површина од 4.410 метри квадратни во Тетово, нанесувајќи штета на Буџетот на РСМ во висина од околу 860 илјади евра. 

Next Post

Техничката влада скроена, полковникот со уставен дефект

Shortcut

Најново

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk