пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
Ковачевски
Ременски
Деспотовски
Извесна е победата на кандидатот со бр.1. Причините според мене се познати, па колку и да се тие вештачко проѕирни и неприфатливи за партија како СДСМ, Ковачевски е турнат во победа и најверојатно од понеделник ќе биде нов претседател на СДСМ. Најверојатно…
Поттурнат е од Заев, од сегашниот лидер на СДСМ и премиер на владата на Македонија, подржан е од повеќето министри и функционери во партијата, јавно или тајно сосема сеедно, и тоа му ја обезбедува предноста пред другиве двајца кандидати…
Играта со Зечевиќ како потенцијален кандидат за претседател на СДСМ е толку провидна што само наивни ќе поверуваат дека тој навистина беше со сериозна намера да се натпреварува на внатрепартијски избори за прв човек на СДСМ. Но, неговата улога во овој кусометражен ефтин предизборен филм беше спин на кој некои од членовите на партијата требаше да наседнат за да го прогласат Зечевиќ за свој фаворит. Се појави на ТВ интервју во кое ги читаше одговорите, прв пат го видовме во некоја политичка проекција каде искажува свои политички ставови, проекција за која очигледно беше подготвуван. “Булдожерот“ на СДСМ од сенка, остави, според мене, солиден впечаток во тоа интервју, (таква му беше задачата), и претпоставувам дека и кај многумина други остави впечаток на “позитив гај“. Проѕирноста на неговата појава во оваа внатрепартиска трка, се виде вториот ден после тоа интервју на себепромоција, кога се вклучи отворено во кампањата на Ковачевски, застанувајќи веднаш до него. Ова е уште еден аргумент плус дека Ковачевски е извесен победник на утрешните избори на СДСМ…
Деспотовски е “јогуртот“ на маста која го збунила домаќинот откако се вратил од службен пат, и на масата на која ја затекнал сопругата, покрај двете чашки со ракија, мезе и и две вилушки, видел и чашка со јогурт, па прашањето кон сопругата му било, “Што бара јогуртов на масата?“. Момчаков е вметнат за да се одглуми демократичност во СДСМ, свесен дека во оваа трка ќе биде само марионета. Уште еден сигнал дека Ковачевски треба да биде избран за нов лидер на СДСМ…
Ременски се појавува како единствена реална конкуренција во оваа наместена “трка“ за прв човек на Бихаќка. Во погрешен момент за неа и за СДСМ, и за јавноста. Против неа се води судски процес во кој, јас, верувам дека од обвинението ќе биде ослободена, но, моментот дека против неа, сепак, се води судски процес за кој нема пресуда, ја девалвира нејзината кандидатура за лидерка на СДСМ. Например, јас, никогаш не би се кандидирал за таква позиција во ваков момент. Но, Ременски најверојатно мисли другачие, и ја поднела својата кандидатура. Со овој потег кај многумина членови на партијата остава впечаток дека сака да се одбрани од обвинението, што е апсолутна невистина, но, впечатокот е тој од кој не може да се избега. Овој потег е уште една голема предност за извесната победа на Ковачевски…
Не знам какви внатрепартиски реформи ќе спроведе Ковачевски по неговиот избор, ама, знам дека колку и да ја има подршката од Заев, колку и да му е цврста поддршката од актуелни министри и функционери на СДСМ, треба да знае дека сите тие тоа го прават во моментов заради подршката на Заев. Ако не знае да го најде излезот, фаќајќи ја повеќекратно најавувана метла на Заев, и од сегашните штетни и лажно интересџиски функционери не се оттараси, нема ништо да постигне. Заев му ја носи победата во партијата, највероајтно однапред го назначува и за иден премиер, ама, или арно ама, ако Ковачевски од тој момент, од понеделник, не почне да се слуша самиот, ако не ги согледал грешките на Заев во кадровските екипирања, партијата чии симаптизер сум, нема иднина. Многу ми е жал за големата грешка на Заев, од владата во која се гледаше просперитетот, прогресот и единствениот пат во подобрата иднина, покрај сите непринципиелни напади и тешки навреди, во неа да ги нема него и Венко, недајбоже да ги снема Бојан, Сања, Магдалена, Мила, Светлана, моите фаворит(к)и, за мене, кој било друг состав на новата влада, додека не покаже слични вредности со нови партијски решенија и кадри наместо лицемерите на врвни позиции, тешко дека Ковачевски ќе го крене партискито сидро…
Се читаме после Нова година… Тенкју…