ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Есма Ќазим, модна креаторка: Сакам кога жените се успешни, среќни и самоуверени

December 13, 2021 14:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МОДА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во самото срце на охридската чаршија се наоѓа еден моден бисер – ателјето на младата талентирана креаторка Есма Ќазим. Нејзините модни парчиња изработени со многу љубов и внимание, пленат со елеганција и убавина, и секоја жена би сакала да се најдат во нејзиниот плакар. Од венчаници до секојдневни парчиња, накит и чанти, па се до уникатни чорапи. Модерни тренд-принтови, испреплетени со безвременска елеганција се заштитен знак на Есма, па затоа, нејзиниот моден репертоар изобилува со сè што една модерна, современа жена би можела да посака.

Во интервју за Фронтлајн, Есма вели дека се доживува како динамична и креативна личност која што ужива додека изработува уникатни парчиња облека и аксесоари. Растена во семејство кое исто така ја негува љубовта кон префинетоста на создавањето уметност, конкретно преку изработката на накит и филигран, не е ни чудно што токму нејзината професија ја однела во овој правец.

Фронтлајн: Од кога се занимаваш со дизајнирање, од каде се роди идејата еден ден да бидеш моден дизајнер?

– Родена сум во занаетчиска фамилија која се занимава со дизајн на накит и изработка на филигран, па така мојот интерес за модерното и убавото постои уште од самото мое раѓање.

Eсма Ќазим

Фронтлајн: Што е актуелно во моментов, кои модни трендови и парчиња се најмногу барани?

– Со оглед на тоа дека доаѓа студената зима, модниот тренд кај нас го диктира и годишното време, така што би рекла дека во моментот најбарани се топлите плетени парчиња облека, капути, јакни со интересни кроеви.

Фронтлајн: Дали имаш некој конкретен идол на кој што се огледуваш, и ако можеш да избереш една модна икона на која и се восхитуваш?

– Ова е поприлично тешко прашање. Во денешно време има навистина многу дизајнери, уметници, професионалци кои заслужуваат восхит. Еден од нив би го посочила, Озгур Махсур, тој е турски дизајнер кој заслужува светско внимание.

Фронтлајн: Твоите парчиња се уникатни, очигледно изработени со голема љубов и внимание, но дали се ограничени на една стандардна големина, или твоето атеље е „plus size friendly“?

– Се разбира. Во моето ателје има уникатни парчиња облека кои се изработени во една одредена величина и се продаваат како такви – уникатни. Но, секако дека располагаме и со „plus size“ модели. Исто така, дизајнираме и по нарачка ексклузивно за клиентот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Esma Kazim (@esma_kazim)

Фронтлајн: Дали парчињата се ексклузивни, и дали секој може да си ги дозволи?

– Уште од самиот почеток мојата идеја беше модата да биде достапна за сите. Па така, во моето ателје може да се најдат ексклузивни парчиња облека, но, за сечиј вкус и буџет.

Прашана за тоа на какви парчиња најмногу обожува да работи, Есма одговори дека како моден креатор, секако дека се стреми да цели кон високата мода притоа креирајќи модна уметност, но како важен фактор за можниот неуспех и предизвиците, го посочи општеството и пазарот за кој креира.

Фронтлајн: Каква е една жена која носи парчиња изработени од Есма Ќазим? Како би ја опишала?

– Секоја дама која носи облека со потписот на Есма Ќазим е посебна на свој начин. Сакам кога жените се успешни, среќни и самоуверени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Esma Kazim (@esma_kazim)

Истакна дека посветува максимално внимание на концепирањето и изработката на секое парче облека, независно дали станува збор за висока мода или „ready to wear“. Но, секако високата мода во која се вборјуваат венчалните фустани бараат повеќе време бидејќи се изработуваат од деликатни материјали со многу рачна доработка. Запрашана за тоа каде се гледа себеси во иднина, Есма посочи дека не е сигурна што ќе донесе иднината, но сигурна е дека ќе продолжи да го работи она што ја исполнува и ја прави среќна. Во секој случај, редакцијата на Фронтлајн и заблагодарува за разубавувањето и допринесувањето кон самодовербата на многу жени, и секако дека и посакува успех на секое професионално поле.

Фото галерија од креации што Есма ги избра за публиката на Фронтлајн:

 

1 of 31
- +

1. фото: Принтскрин

2. фото: Принтскрин

3. фото: Есма Ќазим

4. фото: Есма Ќазим

5. фото: Есма Ќазим

6. фото: Есма Ќазим

7. фото: Есма Ќазим

8. фото: Есма Ќазим

9. фото: Есма Ќазим

10. фото: Принтскрин

11. фото: Принтскрин

12. фото: Принтскрин

13. фото: Есма Ќазим

14. фото: Принтскрин

15. фото: Есма Ќазим

16. фото: Есма Ќазим

17. фото: Принтскрин

18. фото: Принтскрин

19. фото: Принтскрин

20. фото: Есма Ќазим

21. фото: Есма Ќазим

22. фото: Принтскрин

23. фото: Есма Ќазим

24. фото: Есма Ќазим

25. фото: Есма Ќазим

26. фото: Есма Ќазим

27. фото: Есма Ќазим

28. фото: Принтскрин

29. фото: Есма Ќазим

30. фото: Есма Ќазим

31. фото: Есма Ќазим

Eсма е млада креаторка која активно работи веќе шест години, а со диплома се стекнала на Европски Универзитет. Модната уметност на Есма може да се проследи и на нејзините профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, каде таа е отворена за соработка.

Марија Миткоска

Next Post

Што содржат нацрт заклучоците на ЕУ за Северна Македонија

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk