ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Се излееја реките во Општина Босилово, под вода неколку објекти, дваесетина куќи и ниви

December 13, 2021 14:02
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Триесетина објекти и голема површина земјиште се под вода на влезот во селото Турново, во Општина Босилово, каде се излееја реките Струмица и Турија. Водата е навлезена во повеќе објекти, а целосно се поплавени фудбалскиот терен, соблекувалните, спортската сала на ФК „Турново“, објектот на Ветеринарната станица и дваесети куќи и помошни објекти.

Според Томислав Тимовски, вработен во фудбалскиот клуб, проблемот со поплавите е заради излевањето на реката Струмица.

-Реката при секои поголеми дождови се излева во атарот на Општина Босилово, на влезот во селото Турново. Голема е штетата и според нашите први проценки е на 50 илјади евра, рече Тимовски.

Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев вели дека и покрај тоа што вчера интервенирала механизацијата на повеќе критични точки, сепак водите од реката поплавиле повеќе објекти и земјоделски површини.

-Поплавени се неколку деловни објекти и дваесетина куќи. Моментално има намалување на водостојот на реките и не очекуваме влошување. Будно ја следиме состојбата и подготвени сме да дејствуваме, рече градоначлникот Манчев.

Според него недостасува систем за редовно чистење и одржување на речните корита и одводните канали, но обилните врнежи предизвикале надоаѓање на голема количина вода која ги надминала капацититети на сливните подрачја во Општината.

Влезот во селото Турново, во Општина Босилово, веднаш до магистралниот пат што води кон граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница, личи на вистинско езеро, а според жителите на Турново среќна околност е што излевањето не поминува врз магистралата, туку под неа и водата истекува од другата страна на овој патен правец.

извор: МИА

Next Post

ЕУ дипломати: Нема поддршка за одвојување на Северна Македонија и Албанија на европскиот пат

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk