Веќе поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за „360 Степени“, зборуваше за преговорите кои доведоа до потпишувањето на Договорот од Преспа.
„Да, постоеше еден момент пред конечниот договор, еден викенд, кога ги фрливме пенкалата и јас и Зоран и г-динот Коѕијас и г-дин Димитров и рековме – не можеме да најдеме заеднички јазик. Но, надвладеа логиката. Тоа беше непосредно пред договорот, неколку дена пред потпишувањето на договорот. Беше на крајот на еден многу тежок пат. Секогаш постои замор, секоја страна мисли дека ги исцрпила „црвените линии“. Една недела пред телефонскиот повик од Зоран, направивме некои исправки или ако сакате отстапки од двете страни, една недела пред договорот ги оставивме пенкалата и мислев ќе немаме договор“ – изјави Ципрас за 360 степени.