ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Според ЕУ напредува владеењето на правото, Македонија заслужува преговори

December 14, 2021 12:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

МИА дојде до нацрт заклучоците на Советот за општи работи кои во последен момент би можеле да претрпат промени, но специфично за Северна Македонија, Советот го поздравува реформскиот напредок на земјата кој овозможи зелено светло за преговори во март 2020 година и се поздравува одржувањето на локалните избори и напредокот во владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Напредок се нотира и во реформата на јавната администрација иако се потребни дополнителни напори. Се поздравува реформата на безбедносните и разузнавачките служби согласно барањата на НАТО.

Изминатиов период на ова поле УБК беше одвоена од МВР, беше формирана Оперативната техничка агенција, а беше донесен и нов Закон за Агенцијата за разузнавање. Дури и во периоди на пандемија и буџетски кратења беа уздвоени буџетски ресурси кои ќе ги покријат потребите на безбедносните служби.

Реформскиот процес на безбедносно-разузнавачкиот систем се надополни со формирање на Телото за координација на безбедносно-разузнавачката заедница со точно утврден делокруг на работа, состав, начин на работа и донесување на одлуки, како и конкретни аспекти во врска со неговата работа во функција на спроведување ефикасна координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Пред две години формирањето на Агенцијата за национална безбедност претставуваше исчекор и важен политички момент за државата, кога Агенцијата беше формирана како самостоен, но законски строго регулиран дел од безбедносниот систем, наместо дотогашната Управа за безбедност и контраразузнавање при МВР.

Ваквата реформа на безбедносно-разузнавачките служби, која беше нужност согласно препораките од Извештајот на Рајнхард Прибе, овозможи формирање агенција по сите европски и НАТО стандарди.

-Во согласност со препораките на групата високи експерти за системски прашања за владеење на правото, цивилен надзор треба да се обезбеди над безбедносен/разузнавачки сектор бидејќи тоа исто така ќе има позитивно влијание врз ублажување на јавната недоверба во разузнавачките институции. Сите релевантни закони треба да бидат брзо спроведени, во соработка со НАТО и стратешките партнери, се вели во последниот извештај на Европската комисија.

Во меѓувреме се формира и ново тело како Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Next Post

Заев и Ковачевски на средби со коалициските партнери

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk