ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска за Фронтлајн: Било каква нестабилност на европскиот континент никогаш не поминува без безбедносни импликации врз останатите (ВИДЕО)

December 17, 2021 16:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во просториите на Министерството за одбрана, министерката Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал потполковник Васко  Ѓурчиновски одржаа прес-конференција.

Министерката Шекеринска истакна дека од 2022 година, припадниците на Армијата, првенствено оние кои се дел од Лесната пешадиска борбена група во Штип, а од 2023 година и во целата Армија, ќе добијат обезбедени, бесплатни оброци во текот на целата година и тоа преку надворешна компанија за што во моментов е распишан тендер за јавна набавка.

Таа порача дека Армијата е институција со најголем респект кај граѓаните и дека изминатите неколку години државата почна вистински да го цени нејзиното место во општеството, особено со внесување на НАТО стандардите во Армијата.

На прашањето од Фронтлајн: – Какво влијание може да има ескалацијата на руско-украинските односи врз нашата земја и пошироко, во нашиот регион?, Шекеринска рече дека било каква нестабилност на европскиот континент никогаш не поминува без безбедносни импликации врз останатите

„Нашата јавност можеше да ги погледне изјавите кои вчера беа дадени од комуникето од НАТО коишто го поддржаа сите членки на алијансата. Во него се изразува сериозна загриженост заради ескалацијата на состојбите во и околу Украина. Особено врзано со зголемувањето на руски трупи на границата со Украина. Како членка и ние го подджавме тој став и ја споделуваме загриженоста и сметаме дека ова влијае на безбедноста, не само на Украина туку и на целиот континент. Поддршката од страна на сите НАТО сојузници беше повторена во поглед на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и беше испратен во исто време и повик кон Русија да ги намали тензиите и да ги повлече трупите вклучително и оние кои согласно меѓународните обврски се во моментот на украинска територија. Во исто време НАТО ја изрази подготвеноста да се разговара меѓутоа тоа да не бидат флоскули туку навистина да се раговара за подобрување на состојбите и подобрување на комуникацијата помеѓу НАТО и Русија. Било каква нестабилност на европскиот континент никогаш не поминува без безбедносни импликации врз останатите. Да Украина не е наш сосед, не е дел од Западен балкан, меѓутоа овој тип на глобална ескалација на односите секогаш се чуствува на Балканот.“, рече Шекеринска.

Таа истакна дека епизодите со насилство во Косово и состојбите во Босна и Херцеговина имаат врска со тој обновен конфронтирачки однос помеѓу западот и Русија и додаде дека загриженоста ја споделуваат сите.

„Има многумина што тврдат дека состојбите помеѓу оние епизоди со насилство  во Косово и состојбите во Босна и Херцеговина имаат врска со тој обновен конфронтирачки однос помеѓу западот и Русија. Така што далеку од тоа дека смееме да си дозволиме релаксираност. Европската Унија денеска објави продолжување на санкциите. Оваа загриженост ја споделуваат сите и во одредени ситуации изјавите се навистина алармантни. Така што и Северна Македонија мора да ја следи состојбата внимателно. За сите овие позиции нашите претставници дискутираат и одлучуваат во Алијансата и дефинитивно ова не е нешто што му треба на овој регион“, одговори министерката Шекеринска.

Мартина Ацковска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Морам да се соочам со Талибанецот“- Жените во Кабул не ги затвораат нивните салони за убавина

НАЈНОВО

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

Филипче од Конвенцијата: Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, достоинството и слободата како наши темелни вредности

September 28, 2025

НАТО „ја зголеми будноста“ на Балтикот по упадот на дронови во Данска

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk