ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Им честитам на посветените луѓе од нашите институции кои со колегите од Албанија и Србија во кратки рокови ги подготвија механизмите за првите придобивки од „Отворен Балкан“

December 17, 2021 17:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска прими делегација од претставници на владини институции коишто се вклучени во работните групи кои во изминатиот период работеа на подготовката на договорите и меморандумите коишто во рамките на „Отворен Балкан“ е предвидено да бидат потпишани на претстојниот состанок на лидерите на иницијативата во Тирана на 22 декември.

Експерти, раководни лица, високи државни службеници и познавачи на специфичните области од Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација, од Министерството за надворешни работи, од Министерството  за внатрешни работи, од Министерството за труд и социјална политика, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од Секретаријатот за европски прашања како и од Царинската управа, Агенцијата за вработување, од Агенцијата за храна и ветеринарство и од други институции, учествуваа во работата заедно со нивните колеги од Албанија и Србија и во рокот којшто беше предвиден ги подготвија трите значајни договори за унапредување на регионалната соработка.

На средбата, премиерот Заев истакна дека со Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, со Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, како и со Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбеднoст на храна и фитосанитарната политика, се овозможува слободен пристап до пазарот на трудот на граѓаните од трите земји, како и олеснување на увозот, транзитот и извозот меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија.

Премиерот Заев во свое име и во име на Владата ја изрази благодарноста за нивниот влог во овој значаен проект за нашите и за граѓаните од регионот, со што се прават првите конкретни чекори за придобивки од поврзувањето на Западен Балкан.

Next Post

Шекеринска: Не е принципиелно да бидам дел од новиот владин состав (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk