ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Средината не ѝ прилега на Арсовска

Во политиката триумфот на победите трае многу помалку одошто тоа го очекуваат или барем на што се надеваат победниците. Кога успешно ќе ги убедите гласачите, со сите предизборни претерувања, дека во градот сѐ е катастрофа, потоа таа катастрофа треба вие да ја решавате. И никој не ви дава 100 дена мир за уште малку да ја опишувате катастрофата

December 20, 2021 09:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

„Данела Арсовска или ќе биде многу успешна градоначалничка на Скопје или ќе биде вистинска катастрофа, кај неа нема да има средина“, ми вели еден од клучните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ вклучен во нејзиниот „независен“ изборен штаб кои ѝ помогнаа за убедливата победа на последните локални избори. Додуша, како што се испостави, и тој не бил толку клучен за победата, колку граѓанското расположение кон претходниот скопски градоначалник и неговата партија.

Но, во политиката триумфот на победите трае многу помалку одошто тоа го очекуваат или барем на што се надеваат победниците. Кога успешно ќе ги убедите гласачите, со сите предизборни претерувања, дека во градот сѐ е катастрофа, потоа таа катастрофа треба вие да ја решавате. И никој не ви дава 100 дена мир за уште малку да ја опишувате катастрофата.

Така деновиве и разбравме – првично, белки, преку фејсбук – дека ветувањето за бесплатен автобуски превоз нема да се оствари, барем не во наредните две години. Немало одржлива математика во тоа за Градот. Нема да има ништо и од стотиците нови автобуси што се ветија како замена за дотраениот возен парк на ЈСП, иако, што е право, уште кога набрзина се ветуваше таа идеја, дури и на сите кои гласаа за сегашната градоначалничка им беше јасно дека се тоа паушални предизборни популистички бесмислици.

Она, пак, што изгледаше како некакво остварливо решение, поддржано од студиите на странските кредитори и домашните стручњаци ангажирани за негова изработка – проектот „Бас рапид транспорт“ – Данела Арсовска го отпиша со, буквално, една и пол реченица на фејсбук. Следуваа и дополнителни штури објаснувања од Градот за стопираниот тендер на ЕБОР. Колку што разбравме, проектот ќе произвел еколошки проблеми, некои водоводни цевки ќе морало да се решаваат, ќе се уништеле розите, грмушките и темјанушките што сега се насадени на трасата на проектот, а и не бил своевремено изгласан од Советот на Градот.

Градоначалничката брзо најави референдум за БРТ, а потоа уште побрзо се откажа и од таа идеја.

Можеби тој проект беше контроверзен, но неговото вакво „рапидно“ укинување е уште поконтроверзно. Нема најави што би го заменило. Всушност, има, ама тие изгледаат уште побесмислено: со парите за изградба на БРТ градоначалничката планира да купи еколошки автобуси кои, од сега за две години, ќе ги возат граѓаните бесплатно по скопските улици. Неважен детаљ е што 70-те милиони евра од веќе потпишаниот кредит од ЕБОР за БРТ не може да се пренаменат, но Арсовска очекува да ги добие тие средства како грантови! Од кого, до кога, колку, како…?!

Добро, де, убаво звучи, што е важно дали е остварливо. Проблемот е одложен за две години. Остварено!

Во меѓувреме прочитав негде дека има иницијатива да се намали градската цена на паркинг-часот во центарот на Скопје, што подразбира покана до сите кои се возат во автомобили уште повеќе да се возат во автомобили. Тоа е контра еколошката и сообраќајната логика на решавањето на градските проблеми во таа област, но ќе се спасат розите и темјанушките. Зад тоа не стои никаква анализа ниту студија, стои потребата да се купи малку време со некоја „позитивна“ вест за граѓаните кои сакаат да возат автомобили.

А и оној готов мост кај хотел „Русија“, во Аеродром, што во визијата (пропадната) на претходниот градоначалник требаше да реши многу од сообаќајните проблеми во тој дел од градот, новата градоначалничка шеговито го прогласи како „мост за ловење риби“. Бидејќи булеварот што треба да се пробива после мостот има нерешени имотно-правни проблеми. Арсовска не смета дека е тоа дел од работите што треба да ги решава во својот мандат.

Но, затоа, брзо се помина на менување на директорите на градските јавни претпријатија, што е во ред, бидејќи тие беа партиски решенија на компликуваната коалиција на власт на претходниот градоначалник. А, Арсовска е независен, непартиски кандидат. Новите директори, божесачувај, немаат врска со партии.

Иако, што е право, ми се допадна одговорот што градските власти „рапидно“ му го дадоа на Стевчо Јакимовски по неговата фејсбук-прозивка на Арсовска дека ја блокира неговата визија за продолжена бетонизација на општина Карпош, за која масовно гласаа граѓаните (и) на таа скопска општина на локалните избори. Петнаесет милиони евра се во прашање, вели Јакимовски, за кои „инвеститорите“ ќе ја тужеле Општината, а за такви пари Стевчо би ја урнал и Владата, а не пак Арсовска од власт. Но, мислам дека, на крајот – можеби и како резултат на бројните закани што Арсовска јавно се пожали дека секојдневно ги примала – ќе си се договорат, во интерес барем на неколку граѓани на Карпош.

Оти, и со новогодишното китење на градот беше слично: градоначалничката прво сосема се откажа од тоа, па се премисли, за сега, на десетина дена пред Нова година, малку и да се кити, ама да не се наруши општиот впечаток дека сѐ е катастрофа и катаклизма во нашите животи. Овде и Дедо Мраз има политичка употребна вредност, треба и на најмалите деца да им се вгради депресијата во менталитетот уште од најрана возраст. Барем додека не се смени власта на сите нивоа во државата.

И така… Изгледа дека уште четири години ќе се „клацкаме“ помеѓу двете крајности што новата градоначалничка ќе ни ги донесе во Скопје: или ќе биде многу успешна – или ќе биде вистинска катастрофа. Како што тргна, се чини дека средината не ѝ прилега на Арсовска.

 


Преземено до ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Без струја дел од Ѓорче Петров

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk