Во време на најсериозните социо-економски предизвици за секоја компанија, цел која е особено тешка за остварување е да се изнајдат нови патишта кон раст и развој. За една од најголемите независни маркетинг агенции кај нас, Еден на Еден, патот кон ова оди преку стратешкото партнерство со една од најголемите агенции во целиот свет, њујоршката TBWA, преку нивната компанија која оперира на регионот од Западен Балкан, Luna/TBWA.
Договорот потпишан пред 1 година е со цел остварување стратешка соработка на македонскиот пазар, а менаџментот на обете страни не го крие задоволството од изминатиот период.
„Со Жарко од Еден на Еден се знаеме подолго време, повеќе години сме биле заедно во жири комисии на најголемите адвертајзинг фестивали во регионот. Следејќи го нивниот развој, бевме среќни што станаа наши партнер за Северна Македонија во моментот кога се роди потреба за тоа. Еден на Еден е одлична и сериозна организација која ги задоволува нашите критериуми, а тие се многу високи.
Навистина се големи професионалци кои секогаш го испорачуваат она што ќе го ветат и пред сè, се одлична група луѓе на кои секогаш може да се потпреме и да им веруваме” – вели Дали Бунгиќ, директорка на словенечката Luna/TBWA.
Милан Димитриоски, основач на агенцијата Еден на Еден, додава – “1 година по потпишувањето на овој договор, навистина сме среќни. Добивме know-how и комплетна поддршка од една од најсилните светски агенции, а притоа ја задржавме независноста како важен параметар за понатамошно развивање на компанијата. Соработката ќе продолжи уште позасилено во 2022.”
Јубилејот од партнерството се совпаѓа со 10-годишнината од постоењето на маркетинг агенцијата Еден на Еден. Период во кој растејќи константно, компанијата се етаблираше како еден од најсериозните играчи на домашниот пазар. Работејќи комплетен маркетинг сервис за своите клиенти, од осмислување до реализација и мониторинг, компанијата е партнер на едни од најсилните странски и домашни брендови како Pepsi, KFC, Gorenje, Argeta, Алкалоид, Голден Арт и многу други.
Агенцијата е добитник на повеќе интернационални награди за своите кампањи. Кретивниот директор Жарко Димитриоски е прогласен за претприемач на годината 2017-та во Македонија, а 2018-та беше дел од 30-те највлијателни луѓе во Европа под 30 години од областа медиуми и маркетинг според најпознатиот бизнис магазин Forbes.
Hisense UEFA EURO2020 – Case Study
Нова наградна игра од Pepsi! 100.000 шишиња ГРАТИС!
TBWA пак, пред неколку денови беше прогласена за глобална агенција на годината 2021 од реномираниот Adweek.