ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев, Вучиќ и Рама: Договорите од Тирана ги поврзуваат нашите граѓани, го окрупнуваат нашиот пазар и ги поврзуваат економиите во регионот

December 21, 2021 15:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заев учествуваше на заедничката прес-конференција со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Република Албанија, Еди Рама на која информираа за резултатите од Самитот „Отворен Балкан“.Во Тирана денеска се потпишани како трилатерални, меѓу владите на Република Албанија,  Република Србија и Република Северна Македонија, Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, Договорот за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан, и Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.

Со овие договори, истакна на прес-конференцијата премиерот Заев, им овозможуваме на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на трите земји преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан” со што започнува остварувањето на можноста за олеснет и непречен пристап до пазарот на труд во трите земји.

„Веднаш штом договорите бидат ратификувани во парламентите на Северна Македонија, Албанија и Србија, граѓаните од трите земји ќе се стекнат со можност слободно да се движат и да работат во секоја од нив. На овој начин ги поврзуваме нашите човечки ресурси, го окрупнуваме нашиот пазар, ги поврзуваме економиите, стануваме поконкурентни, посилни и уште повеќе подготвени за натамошен развој. Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера нашите народи час поскоро да осетат директни, економски придобивки од олеснувањата кои ги обезбедуваме. Придобивките многу скоро ќе ги почувствуваат илјадници семејства во регионот“, нагласи претседателот на Владата на Северна Македонија Заев.

Тој додаде дека со овие договори се прават крупни чекори за европеизација на нашиот заеднички регион затоа што најдобрите европски практики ги применуваме дома, бидејќи регионот е Европа.

Заев потенцираше дека „Отворен Балкан“ се издига на европските идеи и вредности кои се секогаш поголеми и попривлечни од европската администрација и во тоа име оваа иницијатива e силен придонес кон големите идеи и вредности на Европската Унија, придонес кој регионот не го носи на ниту едно друго место, туку единствено поблиску до самата Унија.

„Кога ЕУ потфрла, ние имаме обврска постојано и постојано да преземаме иницијативи кои го европеизираат регионот и кои носат подобар, европски живот за нашите народи. Се разбира, сите три земји остануваат посветени на своите одделни агенди и обврски за пристапување во членство во Европската Унија“, рече Заев на прес-конференцијата.

Премиерот Заев ја истакна поддршката на САД и на ЕУ за оваа иницијатива и подвлече дека оваа поддршка потврдува дека спроведуваме одржлив процес за заеднички економско-политички простор на Западен Балкан со конкретни придобивки за сите наши граѓани.

Заев додаде дека „Отворен Балкан“ е процес од кој нема враќање и дека во силните потенцијали на иницијативата остануваат идеите што веќе ги разговаравме и кои треба да бидат дел од следната фаза на нова, значајна соработка, и нагласи дека наредните конкретни чекори се очекуваат во соработката во туризмот, во винската индустрија и во соработката во сферата на културата, младите и спортот.

Во пораката до Вучиќ и Рама на прес-конференцијата Заев истакна дека „Отворен Балкан“ треба и понатаму да се негува и развива и дека потенцираше дека, како негов наследник Димитар Ковачевски, подеднакво силно ќе биде посветен на овој процес и дека ќе даде свој личен значаен придонес.

Во своето обраќање премиерот на Албанија Еди Рама нагласи дека договорите потпишани во Тирана одат во насока на изедначување со принципите на пазарите на ЕУ и за регионот претставуваат чекор напред во хармонизирање со регулативите и практичните придобивки за бизнис заедниците и граѓаните.

Тој додаде дека „Отворен Балкан“ генерира резултати и го испорачува она што го предвидуваше Берлинскиот процес и дека останува инклузивен процес за останатите три земји од Западен Балкан кој ги повикува да се приклучат.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ потенцираше дека најважно е што договорите од Тирана се од директна придобивка на граѓаните на Албанија, Србија и Северна Македонија, и изрази благодарност до премиерот Заев за неговиот придонес оваа иницијатива не само да се одржа, туку ги дава и првите конкретни резултати и којашто го менува лицето на регионот.

Next Post

Лондон ја откажа прославата на Нова година на Трафалгар сквер поради омикрон

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk