ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Фејсбук објава дезинформира дека со тестовите се краде ДНК

December 21, 2021 16:44
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: Fernando Zhiminaicela / Pixabay

Фото: Fernando Zhiminaicela / Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Тестирањето е всушност земање на брис подлабоко од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди и е безбедно, како и секое друго земање брис коешто сите ние сме го правеле многупати досега за разни други бактерии и вируси. Примерокот потоа се тестира во лабораторија за да се види дали е присутен генетски материјал, наречен РНК, од вирусот. Нема докази дека овој тест некогаш се користи за да се идентификува ДНК на некое лице, пишува „Вистиномер“.

Уште една вирална објава на Фејсбук во која се проблематизираат и оцрнуваат тестовите против коронавирусот е предмет на оваа рецензија. Многупати досега се ширеле разни дезинформации поврзани, како со вакцините, така и со тестовите кои детектираат дали некоја личност е заболена со коронавирусот. Овојпат се тврди дека тестовите ја крадат вашата ДНК. Ова е неточно.

Со тестовите се краде вашата ДНК

За ова тврдење не постојат никакви докази од медицинската заедница.

Тестирањето е, всушност, земање на брис подлабоко од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди и е безбедно, како и секое друго земање брис коешто сите ние сме го правеле многупати досега за разни други бактерии и вируси.

Примерокот потоа се тестира во лабораторија за да се види дали е присутен генетски материјал, наречен РНК, од вирусот. Нема докази дека овој тест некогаш се користи за да се идентификува ДНК на некое лице.

Д-р Тања Нолан, меѓународно признаен молекуларен биолог и експерт за ПЦР тестирање вели дека тестирањето „не дава такви информации за отпечатоците од ДНК на начинот што е потребен за форензички испитувања“.

ПЦР тестот, кој се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19, е молекуларен тест одобрен од Светската здравствена организација (СЗО). Овој тест е златен стандард за дијагностицирање на ковид-19, откако е одобрен за употреба во февруари 2020 година. Тој е точен и доверлив.

Шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје, Џихан Тавилах, уште во април лани за МИА изјави дека според упатствата на СЗО, ПЦР тестот е направен да го детектира самиот вирус, односно антигенот.

Со него може да се измери вирусното оптоварување или бројот на вирусите во еден примерок. Тоа значи дека само преку тестирање на вирусното оптоварување преку ПЦР, ние ќе знаеме дали некој е заразен и има активна болест и кога некој е излечен, истакна таа за МИА.

Впрочем, тестови не се прават само во лабараторија, туку брзите тестови за домашна употреба може да ги направи било кој. Се купуваат во аптека, има упатство како да се користи и притоа може да видите дали моментално сте инфицирани. Тестот си го правите сами и примероците остануваат за вас, не се предаваат во лабараторија. Така што и со овие тестови никој не може ништо да ви украде.

А, тестирањето игра клучна улога при справувањето со пандемијата на коронавирусот. Заразени лица кои што навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот на други луѓе кои што потоа ќе го шират дополнително. Затоа, уште на самиот почеток на пандемијата  Светската здравствена организација апелираше на масовно тестирање и навремено изолирање на заболените.

Имаме едноставна порака за сите држави – тестирајте, тестирајте, тестирајте, изјави директорот на СЗО, Тедрос Адханом.

А, впречем, ова тврдење, дека се краде ДНК на оние кои се тестираат, е надвор од секое логично размислување. Замислете колку луѓе коишто работат на местата за тестирање и лаборатории низ целиот свет, веќе две години, би требале да биде вклучени во овој наводен таен план за злоупотреба на системот за тестирање – без да никој никогаш да го издаде.

Вакви објави, кои предизвикуваат сомнеж во тестовите кои што го детектираат коронавирост, можат да бидат многу штетни доколку некој поверува во нив и одбива да се тетира дури и доколку има симпотми или бил во контакт со заболен. А, доколку некој е позитивен, а не се тестира и нема потврда дека е заболен, може да го шири вирусот насекаде, да зарази многу луѓе но и да не добие соодветна медицинска помош.

Затоа, не верувајте во вакви потенцијално опасни објави, затоа што може да си направите голема штета на вас или на вашите блиски, пишува „Вистиномер“.

Next Post

Обезбедени средства за реализација на автопатската делница Букојчани – Кичево од Коридорот 8

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk