Според Предлог-одлуката за именување на нови членови, предложена од група советници, и која треба да се гласа на седницата на Советот на Град Скопје во среда на 29 декември, тројцата портпароли на ВМРО-ДПМНЕ: Димче Арсовски, Наум Стоилковски и Марија Митева, ќе бидат членови на управните одбори во јавни претпријатија на Град Скопје.
Димче Арсовски и Марија Митева се предложени да бидат членови во управниот одбор на „Водовод и канализација“, а Наум Стоилковски е предложен за член на управниот одбор на ЈСП.
Актерката Јелена Жугиќ се предлага за член на УО во МКЦ, а во истиот управен одбор ќе биде и кандидатот за советник на Град Скопје од Левица, Жарко Масларковски.
Кандидатот од Левица за градоначалник во Општина Центар – Андреа Јанков, се предлага за член на УО на „Дрисла“.
Претходно градоначалничката Данела Арсовска, смени повеќе директори на јавни претпријатија во Скопје.