ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Секој влог во квалитетното предучилишно образование е влог во нашата иднина

December 24, 2021 10:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со заменик амбасадорката на Велика Британија во земјава, Џулија Смит, претставничката на УНИЦЕФ во државата, Патриција ди Џовани и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски присуствуваа на презентација на „Програмата за социјална кохезија и културен дијалог“, во детската градинка „Кочо Рацин“ во Скопје.

Препознавајќи ја важноста на раното учење и развој, Министерството за труд и социјална политика започна реформа на секторот за ран детски развој со цел да се зголеми пристапот и подобри квалитетот на предучилишното образование во земјата. Во соработка со УНИЦЕФ и Британската влада се овозможи поддршка за воспитувачите во предучилишните установи и социо-емоционалното учење.

„Социо-емоционалниот развој на почетокот на животот е од клучно значење за целокупниот понатамошен развој на личноста и има огромно влијание за квалитетот на живот на секоја индивидуа. Како ресорно министерство во континуитет работиме на зајакнување на компетенциите на воспитниот кадар во градинките и подигнување на квалитетот на предучилишното образование“, рече министерката Шахпаска.

Менторската поддршка од страна на воспитувачите за колегијална поддршка кон останатиот воспитен кадар има големо значење. Таа им помага на останатите воспитувачи во совладувањето на социо-емоционални стратегии базирани на истражувања  кои имаат за цел да ги задоволат специфичните развојни потреби на малите деца.

Програмата вклучува и развој на професионални компетенции кај  воспитувачите, во соработка со  професори од сите наставнички факултети. Преку интезивни 4-месечни процеси на предавања, средби и колегијална поддршка, вклучени беа 71 градинка, 192 активни воспитувачки за колегијална поддршка,1366 воспитувачки, 102 претставници на стручната служба и 47 директори.

На презентацијата покрај воспитниот и стручен кадар од градинката присуствуваа и родители и деца, со цел на интерактивен начин им се приближат неопходните алатки за социо-емоционален развој на децата. Бидејќи програмата предвидува и вклучување на семејствата во целиот процес со што децата ќе продолжат наученото во градинка да го практикуваат и дома.

Next Post

Битиќи за МИА: Комисиите со Бугарија се важни, клучно е железничката инфраструктура да профункционира час поскоро

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk