ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Признание „Македонски квалитет 2021“ добија десет успешни национални претпријатија

December 27, 2021 17:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Десет национални претпријатија кои се претставници и промотори на македонските успешни бизниси го добија престижното признание Македонски квалитет 2021, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

Свечениот настан оваа година се одржа во претседателската резиденција „Вила Водно“. Признанието се доделува на национални претпријатија кои придонесуваат кон развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и пошироко, соопштија од Сојузот за стопански комори.

Признанијата ги доделија претседателот Пендаровски и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски. Добитници на признанието за 2021 година се „Бонивест“, ПЗУ „Аптеки Виола“, „Агенс Камини“, „Каса Италија“, КМГ ЕОЛ „Квазар“, „Винарија Венец“, „Компјунет Инженеринг“, „Хотел Тимс“, „Еко логистик сервис“, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост  „Порака“.

Претседателот на Сојузот, Ангелоски изјави дека успехот на секоја домашна компанија, во границите на нашата држава и интернационално има широк импакт.

– Сојузот на стопански комори, години наназад го промовира квалитетот на домашните компании преку доделувањето на традиционалното признание за квалитет. Ова признание е потврда дека одлуките кои овие бизнисмени и претприемачи ги носеле во годините наназад биле вистински, а нивниот ангажманот и посветеноста се препознато и вреднувани. Ова секако е и поттик да се продолжи со успешната работа и да се претставува државата со квалитет, доверба, добра пракса. Овие позитивни примери се гордост и успех и се значајни имајќи предвид дека тие функционираат и остваруваат раст во услови на навистина предизвикувачки економски амбиент во кој втора година се бориме со криза која се проширува и добива нови димензии. Ангажираноста со која овие компании ги совладуваат предизвиците со кои се соочуваат очекуваме да биде препознаен и поддржан и од креаторите на политиките, кои треба да ги идентификуваат вистинските мерки за поддршка на растот и развојот на економијата, истакна Ангелоски.

Претседателот Пендароски во своето обраќање пред присутните на свечениот настан порача дека носителите на признанието Македонски квалитет за 2021, заслужуваат особена почит затоа што во кризен период го развиваат својот потенцијал и постигнуваат одлични резултати.

– Пандемијата не запира, а економијата бавно заздравува. Нашето стопанство сѐ уште се бори со проблемите, а нам ни останува да очекуваме дека со соодветни економски политики ќе ги надминеме тешкотиите за да продолжиме со нормален развој. Верувам дека и на ниво на вашите компании имате соодветен одговор на кризата којашто трае и ќе продолжите успешно да работите за да го задржите и надградите квалитетот на производите и на услугите што ги испорачувате. Имајќи ја предвид целата ситуација, носителите на признанието Македонски квалитет за 2021, заслужуваат особена почит затоа што во ни малку лесни времиња го развиваат својот потенцијал и постигнуваат извонредни резултати, задржувајќи висок квалитет на производите и на услугите, истакна Пендаровски.

Манифестацијата „Македонски квалитет“, како што информираат од Сојузот за стопански комори, е пример за оддавање признание на македонските бренд амбасадори кои успеале да продолжат да делуваат и се залагаат за подобра национална економија.

извор: МИА
Next Post

Сообраќајот на патот Свети Николе-Миладиновци се одвива по една сообраќајна лента поради голем одрон

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk