ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска: Девизниот курс на денарот е стабилен, а девизните резерви се соодветни

December 28, 2021 10:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Девизниот курс со години наназад е стабилен и ќе биде стабилен и во иднина. Гаранција за тоа е високото ниво на девизни резерви, но и многу други инструменти со коишто располага централната банка за коишто нема да се двоуми да ги употреби во одбрана на курсот, изјави гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за ТВ 24. Таа посочува дека стабилниот курс на денарот е најоптималната стратегија соодветна за нашата економија.

-Ова не е став само на Народната банка. Ова е став и на меѓународните финансиски институции. Неодамна, Меѓународниот монетарен фонд јасно го даде својот став, во којшто посочи дека курсот на денарот е стабилен, дека стабилноста на курсот е клучното сидро на вкупната макроекономска стабилност, како и дека централната банка има соодветно ниво на девизни резерви за одбрана на стабилноста на курсот, истакна гувернерката.

Како што соопшти Кабинетот на гувернерката, Ангеловска-Бежоска посочи дека стабилноста на курсот е клучната компонента кај вкупната макроекономска стабилност кај нас и е јавно добро од коешто секој граѓанин ги користи полезностите. Таа истакна дека еден од предизвиците со коишто се соочи централната банка се шпекулациите, што за жал се јавуваа во повеќе наврати. Нагласи и дека секој граѓанин има општествена одговорност кон јавните добра, а ширењето шпекулации не е во ничиј интерес, напротив, тоа е на штета на граѓаните.

Ангеловска-Бежоска посочува дека главниот инструмент со кој се брани стабилноста на курсот ‒ девизните резерви, се одржуваат на историски највисоко ниво.

-Според последните расположливи податоци, девизните резерви изнесуваат 3,5 милијарди евра, или околу 30 проценти од БДП. Само за илустрација, во периодот 2008 ‒ 2009 година, односно во глобалната финансиска криза, со која исто така успешно се справивме и кога ја задржавме стабилноста на денарот, нивото на девизните резерви беше 1,4 милијарди евра, додека нивното релативно учество во бруто домашниот производ изнесуваше околу 22 отсто. Сите показатели според кои се оценува соодветноста на нивото на девизните резерви упатуваат на сосем соодветно ниво, истакнува Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката додава дека во 2020 година, кога започнала пандемијата, Народната банка успеала да покрене регионална иницијатива на ниво на целиот Западен Балкан, првпат во историјата, за да обезбеди пристап до девизна ликвидност од страна на Европската централна банка. Тоа значи дека ако ни е потреба дополнителна девизна ликвидност, можеме да се обратиме до Европската централна банка и да добиеме поддршка. Сепак, за тоа нема потреба, истакнува гувернерката, затоа што го поседуваме потребното ниво на девизни резерви.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковачевски: За нас патриотизам е покачување на платите, заштита на обесправените и храбро решавање на најгорливите проблеми во земјата

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk