ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Да излезе еден храбар играч од Премиер лигата и да каже – јас сум…

December 29, 2021 10:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Том Дејли, олимпискиот шампион во скокови во вода, со години е во центарот на вниманието. Особено за време на овогодинешните Олимписки игри се истакна неговата сексуална ориентација на која и самиот инсистираше.

Во својата божиќна честитка Дејли го користел токму тоа, но и плетењето, кое станало и негов заштитен знак за да зборува за проблемите со менталното здравје, а особено за проблемите со кои се соочуваат професионалните спортисти кои ја кријат својата сексуална ориентација.

Тој остро го критикуваше доделувањето на организацијата на големи спортски настани на земји како Катар и Саудиска Арабија, а посака само една желба – барем еден играч од Премиер лигата да смогне сила и отворено да каже дека е геј.

„Почнав да плетам за тоа да ми помогне за моето ментално здравје. Ова не е тема за која често зборуваме во спортот. Од нас не се очекува да имаме стравови.

Јас сум во центарот на вниманието од мојата 14-та година и имав одлични искуства, многу сум горд што можам да ја претставувам мојата земја.

Но, имаше денови кога чувствував дека не сум доволно добар. Кога чувствував како да се давам. Имаше и денови кога мојот најголем успех беше само станувањето од кревет.

Годинава слушнав многу спортисти кои решија отворено да зборуваат за своите проблеми, а тоа ме инспирираше почесто да зборувам за моето ментално здравје.

Летово, гимнастичарката Сајмон Бајлс се повлече од Олимпијадата на врвот на нејзината кариера. Едноставно кажа колку се мачи и треба да се инспирираме од силата што ја покажа. Ни покажа дека е во ред да не си во ред и дека е во ред да поставуваш граници кога не се чувствуваш добро. Дека не треба да се повредувате себеси за да ги правите другите среќни.

A huge Merry Christmas from Channel 4 and @TomDaley1994, who leads an Alternative Christmas Message for 2021. ❤️??#AltXmas pic.twitter.com/Lufyxcu1AE

— Channel 4 (@Channel4) December 25, 2021

Имам среќа што можам да живеам нормално како геј. Моите родители, колеги, тренери – сите се полни со поддршка во ова прашање. Главно, тоа не им е важно бидејќи не менува кој сум јас за нив. Јас сум јас и тоа е само дополнителна информација за нив. Па што? На кого му е гајле повеќе за тоа кој е геј?

Но, ако зборуваме конкретно за спорт, најпопуларен спорт е фудбалот. Повеќе од 65.000 луѓе ја играат оваа игра на професионално ниво. А знаете ли колку играчи од најдобрите професионални лиги јавно признаа дека се геј? Еден. Еден фудбалер смогна сила јавно да проговори за својата сексуалност.

Во октомври, Џош Кавало јавно проговори за тоа и тој е единствениот играч во професионалниот машки фудбал кој рече дека е геј.

Браво Џош. Твојата храброст е навистина голема. Но, само размислете колку играчи има таму некаде кои не смеат да проговорат и колку се чувствуваат осамено. Речиси седум отсто од луѓето во ОК се идентификуваат како геј или бисексуалци, а околу 500 играчи играат само во Премиер лигата. Статистички тоа значи дека меѓу нив има доволно геј играчи за да соберат три екипи и секоја недела да излегуваат на терен. Најмалку еден геј фудбалер во секој клуб во Премиер лигата живее во лага.

Да имам само една Божиќна желба, таа би била, да се смени тоа следната година. Ако некој неверојатно храбар играч од Премиер лигата излезе и рече – јас сум геј. Таа личност би ги инспирирала луѓето насекаде, би им дала надеж на илјадници тинејџери кои се борат со својата сексуалност и би ги спасила животите на безброј млади луѓе кои моментално не се чувствуваат како некој кој има место на овој свет.

Во текот на 2022 година, Светското првенство ќе се одржи во втората најопасна земја за геј луѓето, Катар. Зошто дозволуваме земјите кои не се безбедни за сите учесници и сите навивачи да ги организираат најпрестижните спортски настани? Организацијата на Светското првенство е чест. Зошто им укажуваме таква чест? Организирањето на трка во Формула 1 е привилегија? Зошто и ја даваме на Саудиска Арабија?

Се чини дека женскиот спорт повеќе напредувал од машкиот на ова поле. Првата трансродова личност се натпреваруваше на Олимписките игри оваа година. Квин е првата трансродова освојувачка ма медал и освои медал за канадскиот женски фудбалски тим. Фактот што сето тоа го постигнаа во време на страв и паника што владее во сеќавањето на трансродовите луѓе, го прави овој чекор уште повпечатлив.

Нема ЛГБ без Т.

Можеме да ја направиме оваа земја најпрогресивната, најинклузивната, најимпресивната земја на планетата. Што ако секој во Британија би можел да биде сè, без разлика од каде почнал? Што ако сите почнеме од исто место? Зарем тоа не би било нешто со што треба да се гордееме?

Среќен Божиќ“, пишува Дејли.

Маја Тодиќ / Спорт Клуб

 

Next Post

Миле Зечевиќ официјално генерален секретар на СДСМ

Најново

Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk