Артур Рембо
Зиме, ќе одиме во мал
розов вагон
со сини перници.
Ќе бидеме добро. Гнездо
од луди бакнежи ќе одмора
во секое меко ќоше.
Ти ќе ги затвориш очите, за да не
видиш, отаде стаклото,
како ноќните сенки прават гримаси,
тие грди, подземни
монструозности,
црни ѓаволи и волци
црни.
Па, ќе си го осетиш образот
изгребан…
Мал бакнеж, како збудален
пајак
ќе ти трча долж вратот.
И ќе ми речеш: “Барај!”
ведејќи ја главата,
и ќе го одолговлекуваме
наоѓањето на таа животинка
што многу патува…
Жан Никола Артур Рембо (1854-1891) е француски поет од надреализмот. Неговиот бунтовен дух и богато творештво се инспирација за бројни легенди што и ден денешен кружат низ француските литературните кругови.
избор: Тања Кармзова Костиглиола