ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери: Подготвен сум за соработка со новиот Парламент, дијалогот е инструментот што конечно треба да доведе до надминување на разликите со Софија

December 31, 2021 13:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јас сум подготвен, доколку има обостран интерес, во секој момент да остварам билатерална средба, било овде, било таму,  да се воспостави официјална меѓупарламентарна комуникација на највисоко ниво со новиот состав на бугарскиот Парламент со цел надминување на разликите кои што ги имаме по однос на определени прашања, во насока на деблокада на евроинтегративниот пат на земјата.

Ова го вели во интревју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери запрашан постои ли можност за вклучување на Парламентот со иницијативи за соработка во насока на придонес за деблокада на евроинтеграциите на земјата како наша стратешка определба.

-Секогаш постои можност доколку има обострана подготвеност и волја за комуникација и за размена на она што би било односот и соработката. За жал, цела година таму немало ефективно Собрание. Во претходните состави, можам да кажам дека на парламентарно ниво односите ни беа одлични во комуникацијата меѓу нас како претседатели на парламенти. Секако, има простор во наредната година доколку има интерес, јас сум подготвен во секој момент да остварам билатерална средба било овде било таму,  и да се воспостави таа официјална меѓупарламентарна комуникација на највисоко ниво. И како што реков, определени теми може да се отворат таму па да се дообјаснуват неофицијално во што е разликата во однос на размислувањата, а другите институции потоа тие работи да ги допрецизираат во смисла на она што би било правна рамка на надминување на разликите кои што ги имаме по однос на определени прашања, вели Џафери.

Тој при тоа ја нагласува важноста на дијалогот и комуникацијата како инструмент којшто конечно треба да овозможи надминување на разликите меѓу двете земји по однос на отворените прашања.

-Секако јас сум подготвен и треба да сме подготвени. Ние целиме да одиме во ЕУ, вредностите ни се европски без оглед на она што се согледувањата во моментов  таму. Затоа треба дијалог, затоа треба комуникација за да се дообјаснуват до крај сите работи. Ако останува комуникацијата од дистанца и да се разговара преку ѕид, тогаш ефектот е тој што е, секој ќе се забарикадира во своите позиции и остануваме како што бевме останати со децении по однос на слични прашања. Затоа директната комуникација, затоа дијалогот е инструментот кој што конечно треба да доведе до надминување на она што е  разлика по однос на прашања и се надевам на разбирање по однос на она што е индивидуалното и колективното чувство на граѓаните по односните прашања кои што ги засегаат. Така што јас сум подготвен на таква соработка, вели претседателот на Собранието.

Запрашан дали би иницирал таква средба со неговиот колега Никола Минчев, Џафери нагласува дека пред се, важно е таа да биде темелно подготвена и добро координирана со државниот врв за усогласеност на ставовите.

– Сега не е прашањето кој ќе ја иницира, може и да ја иницираме, но во секој случај таа треба да е искоординирана и соодветно подготвена, а не само да се оди, условно кажано на кафе пиење, па да раговаравме, туку соодветено да биде поткрепена со сите аргументи по однос на кои би се разговарало. И тоа е таа работа којашто ќе ја подготвиме. Секако по изборот на влада, ние ќе седнеме на таа тема, ќе се искоординираме со претседателот на државата и во секој случај, треба да излеземе со приближно еднакви ставови по истите прашања, да нема разногласие во однос на сфаќањата, на интерпретацијата на нештата. Така што таа работа не е само да се седне да се разговара, туку е потребна соодветна  темелна подготовка за да може на тоа ниво и официјално да се вклучат парламентите во таа дискусија, смета претседателот на Парламентот Талат Џафери во интервјуто што МИА утре целосно ќе го објави. /MИА/. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Д-р Костов: Со почитување на мерките и вакцинација за време на празниците, не би требало да има зголемен број на позитивни од КОВИД-19

НАЈНОВО

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Ултрадесничарската АфД не освои градоначалнички места во вториот круг од локалните избори во Северна Рајна-Вестфалија

September 29, 2025

ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го промовира Ѓорѓиевски за градоначалник, СДСМ Христоски во Крушево

September 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk