ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Неверојатни научни откритија во 2021 година, ниту едно не е поврзано со коронавирусот

January 2, 2022 08:45
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Изминатата година беше полна со научни откритија, дури и ако се исклучат сите оние поврзани со коронавирусот, пренесува агенцијата Хина. Во 2021 година, научниците направија голем напредок во лекувањето на многу болести, а некои од нивните откритија се револуционерни. Следуваат шесте најинтересни научни откритија.

Медицински психоделици

Во последните години, лековите со психоделични ефекти дадоа ветувачки резултати во лекувањето на неколку ментални болести, а две студии спроведени во 2021 година само дополнително ја потврдија нивната ефикасност во комбинација со терапија.

На луѓето кои страдаат од ПТСН, МДМА или ектазија, може да им го олесни секојдневниот живот. Во третата фаза од клиничкото испитување, чии резултати беа објавени во научното списание Nature Medicine, 67 проценти од пациентите кои примале MDMA заедно со терапија со разговор доживеале такво подобрување што веќе не биле подобни за дијагноза два месеци по третманот.

Паралелно е истражуван и псилоцибинот, активната состојка во „волшебните“ печурки. Тоа истражување покажа дека терапијата со помош на халуциноген значително ги намалува симптомите на депресијата која инаку е отпорна на третман.

Во една претходна студија за псилоцибин како лек за депресија (април во однос на ноември), две сеанси со психоделици дејствувале „најмалку исто толку добро“ како и дневна доза на антидепресивот есциталопрам.

Тест на крвта кој открива 50 видови на рак

Новооткриената технологија може да открие повеќе од 50 видови на рак во рана фаза, врз основа на само едно земање крв.

Овој метод се нарекува тест Галери и е развиен од биотехнолошкиот гигант Илумина. Овој метод бара фрагменти од ДНК во крвта кои би можеле да сигнализираат за присуство на рак. Овие фрагменти, исто така, можат да го лоцираат туморот со висока точност, што на пациентот му дава голема предност во дијагнозата и третманот.

Во клиничка студија во која беа вклучени луѓе на кои веќе им беше дијагностициран рак, тестот Галери идентификуваше 51,9 отсто од канцерите, без оглед на нивната фаза. Овој тест би можел да биде исклучително корисен за откривање на карциноми кои не биле дијагностицирани при редовни прегледи.

Лекарите велат дека Галери и слични тестови мора да го подобрат нивото на чувствителност, но штом тоа ќе се случи, ќе бидат од голема корист за луѓето бидејќи би можеле да ги избегнат последиците што ги предивзикува хемотерапијата на телото.

Прв третман за прогерија

Прогерија е генетска болест која предизвикува предвремено стареење кај приближно 400 деца ширум светот. Засега нема третман за забавување на болеста, која во повеќето случаи е фатална по 13-тата година од животот.

Новиот лек, развиен во 2021 година, може да го продолжи животниот век на децата родени со оваа состојба за околу две и пол години. Тоа е првиот и единствен лек за Хачинсон-Гилфорд синдром на прогерија одобрен од ФДА. Дејствува така што спречува акумулација на мутирани протеини.

Ваквите неисправни протеини се нарекуваат прогерини и предизвикуваат клеточна смрт и го оштетуваат срцето и коските. Децата со оваа дијагноза обично умираат од срцева слабост или мозочен удар.

Имплант за заздравување на предниот вкрстен лигамент

Предниот вкрстен лигамент е најчест извор на повреда на коленото, според извештајот од 2016 година во Списанието за клиничка ортопедија и траума.

Иако ова е честа повреда, може да биде многу тешка за санирање, и поправањето на пукнатиот преден вкрстен лигамент може да бара повеќе операции, па дури и целосна реконструкција. Ова, пак, бара отстранување на здрава тетива за трансплантација и долго закрепнување.

Новоразвиениот имплант за колено, неодамна одобрен од ФДА, може да го стимулира предниот вкрстен лигамент да се лекува. Тоа го тврди д-р. Марта Мареј, главен ортопедски хирург во Бостонската детска болница, во соопштение за печатот.

Револуционерниот имплант е направен од колаген од говеда и капки крв на пациентот и ги поврзува пукнатите делови на предниот вкрстен лигамент. Постапката за вметнување е минимално напорна, а заздравувањето е побрзо од реконструкцијата.

Таблета против габична инфекција

Антигабичната пилула е првиот нов антифунгален лек во последните 20 години. Го запира растот на кандида, габа која предизвикува вагинални габични инфекции.

Третманот за габични инфекции обично функционира без рецепт, но понекогаш може да потрае долго време. Новиот лек обезбедува чекор напред од постоечките антифунгални лекови.

Формула за вештачко млеко слична на мајчиното млеко

Двајца научници го развија првото лабораториски создадено мајчино млеко. Тоа е направено со клетки со хранливи компоненти и сложеноста на мајчиното млеко. Се состои од млечни клетки лоцирани во млечните жлезди.

Млекото се вика Biomilq и е нутритивно покомплексно од претходните формули. Сепак, научниците кои стојат зад ова откритие не тврдат дека тоа е совршена замена за мајчиното млеко бидејќи не ја одразува исхраната на мајката или не ја пренесува имунолошката заштита од мајка на дете.

Овој производ треба да им биде достапен на родителите за три години. /МИА/.

Next Post

Од патарини лани инкасирани рекордни 46,4 милиони евра, во април готови Преод и Кадрифаково

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk