Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека денеска партијата ќе соопшти ново име за технички министер во МВР. Како што рече Мицкоски, најпрвин ќе направи телефонски консултации со премиерот Заев и со лидерот на ДУИ, по што ќе следува и официјално објавување на новиот предлог.
Како што рече Мицкоски, новото име не е член на партијата.
ВМРО-ДПМНЕ претходно го предложи Драган Ковачки за нов технички министер за внатрешни работи, а кај власта предлогот отвори дилема дали е во согласност со Уставот, откако беше истакнато дека станува збор за воено лице на служба во Армијата. Ковачки доаѓа од АРМ и е со чин полковник. Тој има долга кариера во војската, меѓудругото и како Командат на 1. механизирана пешадиска бригада.
Ако денеска биде прифатен кандидатот за технички министер за внатрешни работи тогаш според најавите владата ќе биде формирана утре.