ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССМ: Со недела неработен ден – 92 отсто од работниците ќе одмoраат

January 2, 2022 16:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Како ССМ обезбедивме, ден на неделен одмор е недела за 92 отсто од работниците во државата кои ќе посветат време на своите семејства, на обнова на својата работна сила и ќе го искористат ова време за социјални културни и образовни потреби. Осум отсто од работниците кои работат во дејностите во кои не може да се прекине работниот процес и ќе работат, а додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот и слободен ден ќе користат во наредните седум денови, истакнуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија за измените на Законот за работните односи, кои почнаа да се применуваат од денеска.

-Законските измени, прецизираат, значат и подобра контрола на работното време и прекувремената работа, односно работникот кој нема да работи во недела ќе знае дека може да работи околу 4,5 месеци прекувремена работа неделно по 8 часа, останатите 7,5 месеци мора да работи 40 часа неделно 5 дневна работна недела па така и сабота е неработен ден, а покрај додатокот на плата за прекувремени часови +35  отсто, ќе добие и бонус плата за прекувремена работа над 150 часа.

Оттаму посочуваат дека работниците на кои ќе им биде прекршено ова ново право обезбедено од страна на ССМ, можат да пријават прекршување преку новата мобилна бесплатна апликација ССМ – мои работнички права до ССМ и Државниот инспекторат за труд.

– Со законските измени Државниот инспекторат за труд многу по ефикасно ќе спроведува контрола во дејностите кои се во исклучоците, поради малиот број на дејности кои ќе работат во недела, а контрола може да врши секој граѓанин и работник, а потоа да пријави неправилности до ССМ и ДИТ. Напоменуваме дека работодавачот е должен пред започнувањето на работата, да го извести Државниот инспекторат за труд, а му укажуваме на работодавачот кој ќе работи, а не е во исклучоците дека ќе му се забрани вршење на работа во работната просторија или работниот простор каде е утврдена неправилноста, во траење од 15 дена, а ако го повтори пркршокот во траење од 30 дена, а ќе му се издаде и прекршочен платен налог (парична казна), велат од ССМ.

Иако како ССМ на Економско социјалниот совет се залагавме опфатот на дејностите кои ќе бидат во исклучоците да биде многу помал, односно да не се овозможува на Министерот за труд и социјална политика со правилник да ги утврдува помошните и придружни дејности затоа што тоа значи дерогирање на Законот за работните односи со еднострани акти на МТСП иако законите од трудовата област се носат по пат на социјален дијалог преку Економско социјалниот Совет што мора задолжително да се применува и при носењето на евентуалните правилници за што и ССМ достави предупредување до МТСП, стои во објавата од ССМ.

Информираат дека не бил прифатен предлогот на ССМ, слободниот ден за оние работници кои работат во недела задолжително да биде денот пред или после денот недела во кој реаботникот работи, како и заради прекршување на законските одредби да се затвори работењето на целата компанија, а не само работните простории каде прекршувањето е сторено./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
www.worldatlas.com

На 1 јануари 2022 година, Земјата е населена со 7,8 милијарди луѓе

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk