Без разлика дали се работи за носење овошје на работа (и во спална соба!), љубезност со груби поединци, еве еден куп начини да го подобрите животот, со мал напор, пренесува Гардијан.
1. Вежбајте во понеделник навечер (ништо забавно не се случува во понеделник навечер).
2. Сакате нешто да купите? Почекајте 72 часа пред да го купите.
3. Совет: најбрзиот ред во супермаркет е секогаш зад најполната количка (поздравувањето, плаќањето и пакувањето трае подолго отколку што мислите).
4. Донесете овошје на работа. Носете овошје во кревет!
5. Размислете да одите на работа четири дена во неделата. Веројатно е петтиот ден да се оданочува во секој случај, така што ќе изгубите помалку од една петтина од платата што ја земате дома.
6. Секој има емоционална слепа точка кога се кара. Размислете која е вашата, и запомнете ја.
7. Засадете пролетни цвеќиња, дури и ако се само во саксија.
8. Испратете гласовна порака наместо текст, тие звучат како лични мини подкасти.
9. Чувајте ја хранилката за птици покрај прозорецот, идеално е кујната.
10. Секогаш носете мраз на домашните забави (никогаш нема доволно).
11. Уклучете правилно осветлување: исклучете го најсветлото, вклучете многу светилки (но исклучете ги кога ќе излезете од собата).
12. Наострете ги ножевите.
13. Се чувствувате бавно на работа? Пробајте ја техниката Помодоро: 25 минути, пет минути пауза и повторете.
14. Купете евтин блендер и со него ситно исечкајте кромид (заштедува на време и солзи).
15. Чувајте ги цртежите и сликите на вашите деца. Најдобрите ставете ги во рамки.
16. Одвојте 10 минути дневно за да направите нешто во кое навистина уживате, било да е тоа читање книга или играње друштвени игри.
17. Немојте да бидете чудни за тоа со што ја полните машината за миење садови.
18. Повторно употребете ги сите пластични кеси, дури и кесите за леб. Голем дел од амбалажата што не можете повторно да ја употребите може да се однесе во поголеми филијали на супермаркети за рециклирање.
19. Фотографирајте ја ознаката што ви е дадена кога го оставате палтото во гардероба на забави или слично.
20. Не можете да заспиете? Намачкајте се со релаксирачко со масло за бањање од лаванда пред спиење.
21. Додадете го млекото најмалку една минута откако ќе се свари чајот.
22. Смејте се бесрамно на сопствените шеги.
23. Можеби звучи чудно, но половина литар вода пред спиење по бурна ноќ го избегнува мамурлакот.
24. Започнете го саботното утро со класична музика, тоа дава тон за мирен викенд.
25. Гледајте повнимателно.
26. Поставете временски ограничувања за вашите апликации. Само одете до поставките на вашиот паметен телефон и додајте ограничување.
27. Ако е можно, секогаш одберете ги скалите.
28. Секогаш биди подготвен да го пропуштиш следниот воз или автобус.
29. Јадете месо еднаш неделно, максимално. Идеално е помалку.
30. Бидете љубезни со груби странци, тоа е чудно возбудливо.
31. Поставувајте прашања и слушајте ги одговорите.
32. Поврзете се со природата: стојте надвор боси неколку минути, дури и кога е студено.
33. Придружете се на вашата локална библиотека, и искористете ја. Најдете го своето таму.
34. Одете на прошетка без вашиот телефон.
35. Јадете солен путер (животот е премногу краток за несолен).
36. Истегнете се наутро. А можеби и навечер.
37. Ако одите помалку од еден километар, пешачете или возете велосипед. Околу половина од патувањата со автомобил се под два километри, но тие создаваат повеќе загадување отколку подолгите патувања бидејќи моторот сè уште не е загреан.
38. Спијте со телефонот во друга просторија (и купете будилник).
39. Испратете разгледници од вашите празници. Испратете ги дури и ако не сте на одмор.
40. Наместо да купувате нови чевли, средете ги старите и купете нови врвки.
41. Купи растение. Мислиш дека ќе го овенеш? Купи лажно.
42. Немајте Twitter на вашиот телефон.
43. Ако најдете облека што ја сакате и сте сигурни дека ќе ја носите засекогаш, купете три.
44. Обидете се да се туширате со ладен туш (30 секунди до две минути) пред вашиот топол. Тоа е добро за вашето здравје, и физичко и ментално.
45. Испратете порака за благодарност.
46. Читајте по една песна секој ден. Чувајте компендиум, покрај вашиот кревет.
47. Извадете ги слушалките кога одите, слушајте го светот.
48. Купите половно.
49. Купите лично!
50. Научете како правилно да користите конец.
51. Ако нешто на светот ве лути, пишете (учтиво) на вашиот пратеник, ќе го прочита.
52. Поздравувајте ги вашите соседи.
53. Секогаш носете нешто, вино, цвеќиња на вечера/роденденска забава, дури и ако речат да не.
54. Научете ги имињата на 10 дрвја.
55. Повикај стар пријател кој не сте го чуле ни виделе долго време.
56. Честопати, пребарувајте ја вашата е-пошта за зборот „откажете ја претплатата“ и потоа користете го на онолку колку што можете.
57. Купи весник. (Идеално).
58. Секогаш имајте десерт.
59. Спуштете ги рамената.
60. Направете нешто од нула. Најдобро функционира ако е нешто што вообичаено би го купиле, како фустан или чанта.
61. Одете на спиење порано, но не го земајте телефонот со вас.
62. Волонтирајте.
63. Исушете го приборот за јадење со крпа (го одржува сјаен).
64. Наместо да купите утринско кафе, поставете дневен трансфер од 100 денари за струја на штедна книшка и заборавете на тоа. Користете го за да се почестите себеси со нешто поинакво подоцна.
65. Не штедете ги работите за „најдобро“. Носете ги, уживајте во нив.
66. Пеј!
67. Размислете за вашето држење: не се наведнувајте и не прекрстувајте ги нозете.
68. Закачете ја облеката. Идеално на закачалки без жица (тоа е подобро за нив).
69. Избањајте се голи со пријателите.
70. Исклучете го телефонот на одмор (или барем избришете ја апликацијата за работна е-пошта).
71. Секогаш користете свежо мелен пипер.
72. Заблагодарете му на наставникот кој ви го промени животот.
73. Почитувајте ги помладите кои што ви се блиски.
74. Чувајте ги клучевите на истото место.
75. Исфрлете го од употреба млекото во пластично пакување, купувајте од локалните млекари.
76. Изнајмете наместо да купите костум/фустан за таа претстојна свадба (дури и ако е ваша).
77. Секогаш резервирајте дополнителен слободен ден после одмор.
78. Игнорирајте го алгоритмот, слушајте музика надвор од вашиот вообичаен вкус.
79. Исклучете го звукот или оставете групен разговор на WhatsApp.
80. Научете танц на TikTok (но не објавувајте го на TikTok).
81. Гответе нешто што никогаш досега не сте пробале.
82. Придружете се на локална група за собирање отпадоци.
83. Рачно измијте го она што никогаш не сте го исчистиле.
84. Вдоми домашно милениче.
85. Дреми.
86. Научете како да дишете длабоко, преку нос, преку уста, правејќи го издишувањето подолго од вдишувањето.
87. Купете велосипед и употребете го. Научете и како да го поправите.
88. Учтиво одбијте ги поканите ако не сакате да одите.
89. Ако одите, имајте стратегија за излез.
90. Ако се сомневате во јадењето, додадете сирење.
91. Не гледајте во телефонот на вечера.
92. Направете ја онаа работа што ја одложувавте.
93. Давајте комплименти широко и слободно.
94. Поставете прифатлива постојана нарачка за добротворна организација.
95. Чувајте книга во вашата чанта за да го избегнете искушението да прелистувате по социјалните мрежи.
96. Слушајте ги албумите што ги сакавте како тинејџер.
97. Стекнете пријател од друга генерација.
98. Дали престојувате кај пријател? Наместете го креветот наутро.
99. За моментална среќа, облечете жолто.
100. Бидете учтиви
превод: Марија Миткоска