ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска: Се подготвува Предлог-закон за финансиски правобранител, кој ќе постапува по жалбите на граѓаните и ќе ги штити нивните права

January 3, 2022 11:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заштитата на корисниците на финансиските услуги е високо во приоритетите на Народната банка. Преку зајакнување на регулативата, со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, но и со закон за финансиски омбудсман, со кој би се формирала посебна институција којашто ќе постапува по поплаките на граѓаните, ќе се гради рамка за посилна заштита на правата на потрошувачите, порачува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Ангеловска-Бежоска во интервју за националниот сервис МТВ посочува дека иако Народната банка нема експлицитен законски мандат за заштита на потрошувачите, сепак како општествено одговорна институција презема повеќе мерки во овој сегмент. Пример за тоа е Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија како заеднички документ кој беше подготвен и донесе во соработка со Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, која предвидува повеќе активности со цел зголемување на заштитата на корисниците на финансиски услуги.

-Тие активности се фокусираат на два сегмента. Едниот сегмент е финансиска едукација, со цел зголемување на информираноста на корисниците на финансиски услуги, за нивните права, но и обврски, како и запознавање со различни финансиски производи за подобра информираност и носење правилни одлуки. Вториот сегмент е подобрување и зајакнување на регулаторната рамка за заштита на потрошувачите. Прв конкретен чекор во ова насока е Законот за платежни системи, којшто ќе обезбеди значаен квалитативен скок во делот на заштита на правата на потрошувачите во користење на услугите за платен промет, вели гувернерката.

Ангеловска-Бежоска истакнува дека нова активност, којашто неодамна започнала во рамки на централната банка, а на која банката ќе работи заедно со другите финансиски регулатори, е изготвување на закон за финансиски омбудсман, односно финансиски правобранител. Идејата на овој закон е воспоставување на посебна институција којашто ќе постапува по поплаките од граѓаните и ќе има експлицитен мандат за заштита на интересите на граѓаните./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Бојан Петрески

Стравот на Мицкоски од Ковачевски

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk