ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Во Буџетот за 2022 година не се предвидени нови даноци

January 4, 2022 14:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Буџетот за 2022 година е проектиран на постојниот даночен систем и не се предвидени нови даноци или даночни оптоварувања за граѓаните, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Не е предвидено зголемување на даноците, ниту за покривање на енергетската криза затоа што, како што истакна Бесими, во Буџетот се обезбедени околу 130 милиони евра за оваа намена, односно 10 милиони евра кои ќе и бидат префрлени на ЕСМ за докапитализација, 30 милиони евра кои ЕСМ или друга енергетска компанија може да ги искористи од програмата за зелен развој, како и дополнителни 90 милиони евра од програмата за антиковид или други кризи.

Нови даноци не се најавуваат ни со Стратегијата за реформа во даночниот систем, за која денеска разговараше со директорката на УЈП. Целта е да има поголема праведност во одданочувањето, поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите, зголемена даночна транспареност, подобар квалитет на услугите и воведување еколошко одданочување. Во првата половина на годинава најавен е и иклузивен процес со сите засегнати страни.

Инаку, минатата година има нафрлање над проекциите во наплатата на даночните приходи и придонеси. Реализацијата е за два проценти повеќе од планираното. Ова, според министерот, дава сигнал дека економијата се опоравува и очекува дека ќе се остварат проекциите за 2022 година, а 2021 година ќе заврши согласно предвидените проекции. Како резултат на подобрата наплата на даноците, намален е и буџетскиот дефицит.

– Само врз основа на подобрата наплата на даноците, буџетскиот дефицит е намален за 0,5 проценти од БДП. Затоа сакам да укажам дека тоа што се прави во делот на реформите во УЈП за да се добие поправичен даночен систем значи подобра економија, подобар стандард и подобра квалитет на живот. Затоа годината ја почнуваме со средба во УЈП, изјави Бесими.

Во делот на приходите во периодот јануари-декември 2021 година собрани се 89 милијарди 617 милиони денари што е за 17,89 проценти повеќе во однос на 2020 година, а само во декември собрани се 8 милијарди 816 милиони што е 8,5 проценти повеќе во споредба со декември 2020 година. Кај социјалните придонеси во периодот јануари-декември собрани се 84 милијарди 524 милиони денари.

Во однос за мерката субвенционирање за повисоки плати, која започна да се применува од октомври 2019 година до декември истата година, ја искористиле 10.500 компании за 57 илјади вработени во просек, додека во 2020 година во просек оваа мерка ја искористиле 23.900 компании за 120 илјади вработени. Изминатата година, во периодот јануари октомври мерката ја искористиле 24.400 компании за 134 вработени.

Извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја покачи цената на струјата за 100 отсто, а во време на енергетска криза шири паника и лажни вести

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk