ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска Стојчевска за ТВ 24: Опозицијата и по нивното фијаско со ново мнозинство, продолжува да блокира закони во Собранието

January 4, 2022 19:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бисера Костадинова Стојчевска. Фото: архива

Бисера Костадинова Стојчевска. Фото: архива

Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за телевизија 24 изрази надеж дека опозицијата ќе смогне сили и ќе се откаже од намерата да ги блокира законите кои оваа Влада ги предлага, се со цел да може да се делува и работи онака како што треба да функционира државата.

Она што морам да го напоменам е дека бројката е навистина голема, но она што е  уште поважно е дека се блокирани голем број закони, кои навистина се за доброто на граѓаните, истакна Костадиновска Стојчевска.

Таа наведе дека е блокиран законот за наставници, односно за трансформација на работниот однос на околу 4.000 наставници, кои треба да преминат на неопределено време, односно да се реализира заложбата на СДСМ политиката да излезе надвор од образованието.

Блокирани се закони кои што се предложени од нашите коалициони партнери, блокиран е законот за лична карта, блокирани се закони кои што се во усогласувања со законите на ЕУ кои што не предвидуваат ништо друго освен со усогласување со европските закони, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа нагласи дека законите се блокирани на најразличен начин, од поднесување на многу голем број на амандмани, до злоупотреба на процедуралните забелешки кои што траат до недоглед, а од друга за оваа година и речиси шест месеци се организирани толку јавни расправи, колку што не се организирани за 11 години на ВМРО-ДПМНЕ.

Мислевме дека по фијаското на опозицијата за ново мнозинство ќе сфатат дека пратениците, институциите и граѓаните имаат иста цел земјата да биде членка на ЕУ, да оди  напред ќе престанат да блокираат, но тие повторно ги блокираа измените на законот за надворешни работи, потребни поради нашето претседавање со ОБСЕ, рече потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Во врска со барањата на опозицијата за изземање и оставки на раководни кадри во СДСМ, Костадиновска Стојчевска појасни дека политички функции се претседател, заменикот претседател и потпретседателите.

Извршниот одбор е токму тоа, извршно тело. Нивната вчерашна прес-конференција ако не се лажам, јас само ќе ја протолкувам како еден страв од новите кадри кои мандатарот Ковачевски ги претстави како дел од новото раководство, бидејќи тие и тоа како можат да придонесат со нивната стручност, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за телевизија 24.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Богатството на Илон Маск за еден ден се зголеми за 32 милијарди долари

НАЈНОВО

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Ултрадесничарската АфД не освои градоначалнички места во вториот круг од локалните избори во Северна Рајна-Вестфалија

September 29, 2025

ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го промовира Ѓорѓиевски за градоначалник, СДСМ Христоски во Крушево

September 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk