Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги прокоментира постигнувањата, што тимот од Мерсисајд го забележа вчера откако го победи Шефилд, пренесе МИА.
„Црвените“ не се поразени во Премиер лигата точно една година – последен пат кога екипата загуби во првенството беше на 3 јануари 2019 година.
– Очигледно, ова е многу добра серија, но целта не е да ја продолжиме, туку да победиме на секој натпревар. Јас сум навистина среќен и многу горд на моите момчиња. Но, не треба да ги земаме таквите работи здраво за готово. Тие направија сè што сакаа. Момчињата играа навистина одлично, рече Клоп по мечот.