Владата предводена од СДСМ и надлежните институции постојано преземаат мерки за надминување на сите предизвици од енергетската криза и заштита на стандардот на домаќинствата и стопанството, пишува во соопштението на СДСМ.
„Во наредните три месеци, главен приоритет на Владата ќе биде одговор на енергетската криза, која е резултат на глобалните движења“, известуваат од СДСМ.
Веќе тече интензивна владина подготовка на нови сетови антикризни мерки кои ќе дадат силен поттик за компаните и ќе бидат силна поддршка за семејните буџети на граѓаните.
Во соопштението од СДСМ потенцираат дека во Буџетот има слободни 130 милиони евра кои во периодот што следи ќе бидат насочени за помош и на граѓаните и на стопанството.
„Сите досегашни пакети антикризни мерки на Владата во пандемијата кои според ММФ беа одлично димензионирани заштитија повеќе од 60.000 работни места“, истакнуваат од СДСМ.
Грижата за граѓаните и компаниите продолжува и оваа година. Владата дефинира мерки преку кои најефикасно ќе се алоцираат средствата за санација и поддршка онаму каде што е најпотребно.
Исто така известуваат дека економијата е стабилна и ликвидна, економскиот раст за оваа година е предвиден на 4,6 отсто, додека капиталните инвестиции ќе бидат за 27 отсто повисоки од претходната година.
„СДСМ преку Владата што ја предводи продолжува со реализирање мерки и политики за ублажување на последиците од кризата, а кои воедно го забрзуваат економскиот раст и го унапредуваат животниот стандард на граѓаните“, пишува во соопштението на СДСМ.







