Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС), преку платформата Зум, денеска ќе одржи јавна дебата на тема „Како да се намали загадувањето на воздухот?“.
Целта на дебатата е граѓански активисти и претставници на институциите и инспекциските служби заеднички и транспарентно да ги разгледаат мерките за намалување на загадувањето и проблемите кои ја попречуваат нивната примена.
Предвидено е да стане збор и за подготвеноста на инспекциите за животна средина за вршење надзор на државно и локално ниво и за законите и подзаконските акти кои (не) се донесени, а се неопходни за поефикасно справување со загадувањето на воздухот, велат од Институтот за комуникациски студии. /МИА/.