ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Извршени девет експлантации од починат донор, 16 пациенти добија бубрези, петмина срце, а кај осум се трансплантирани коскени ткива

January 12, 2022 10:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Минатата година во земјава се направени девет експлантации од починат донор и притоа 16 пациенти добија бубрези, петмина срце и кај осум пациенти беа трансплантирани коскени ткива. Ова е значителен напредок споредбено со изминатите години како во полето на трансплантацијата така и во делот на подигнување на свеста за органодонорството, соопшти Универзитетската клиника за ортопедски болести.

Од Клиниката посочуваат дека минатата година за прв пат се направени четири експлантации на коскено ткиво од починат донор, со што е отворено ново поглавје и е направен значаен исчекор во полето на трансплантационата медицина, а воедно и во полето на ортопедијата во земјава. По првата експлантација која ја направи тимот од Клиниката на 17 април, до крајот на годината, како што се нагласува, беа направени уште три експлантации на коскено ткиво од починат донор. На осум пациенти, од кои четворица со малигна болест им е трансплантирано здраво коскено ткиво, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот.

– Ова за сите нас и лекарите и пациентите е голем и значаен чекор. Горд сум и како хирург ортопед, но и како директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), што бевме дел од мултидисциплинарниот тим за трансплантација во земјава, кој отвори ново поглавје во медицината во изминатата година. Трансплантацијата значи многу не само од аспект на медицна, туку отвора и една друга димензија на хуманост, човечност и надеж, што во ова тешко време кое го живееме на сите ни е потребно, вели асс. д-р Александар Трајановски, директор на ТОАРИЛУЦ, во чиј состав е Клиниката за ортопедија.

Интервенциите кај сите осум пациентите кои добија коскено ткиво од починат донор, беа изведени на Клиниката за ортопедски болести од страна на стручните тимови на Клиниката предводени од еминентни хирузи ортопеди. Од почетокот на 2021 година на Клиниката е возобновена и Банката за коскени ткива каде благодарение на Германската амбасада е набавен нов уред за замрзнување на графтовите на многу ниски температури. Сето ова беше предуслов за развој на трансплантацијата на коскени ткива од починат донор, информираат од Клиниката.

– Пациентите кои добија коскено ткиво се во најголем дел се млади лица кои имаа сериозни здравствени проблеми кои влијаеа на квалитетот на нивниот живот. Првата трансплантација, која за сите нас е особено драга, е кај млада девојка која има дваесетина години и кој боледува од тешка форма на карцином на коски. Една од опциите кај неа беше и апмутација на ногата. По направената трансплантација на лев дистален фемур, осум месеци по трансплантацијата нашата пациентка веќе почна да оди, вели д-р. Милена Богојевска Доксовска, болнички координатор на Клиниката за ортопедија.

Националниот координатор за трансплантација, д-р Маја Мојсова Мијовска постојано го нагласува значењето на органодонорството како предуслов за развојот на еден трансплантациски програм.

– Токму благодарение на хуманата димензија на семејствата кои се одлучуваат да ги донираат органите од нивните блиски, ние можеме да ја развиваме трансплантацијата во земјава и тоа во интерес на пациентите за кои единствен спас е токму трансплантацијата. Нивната одлука да се донираат органите значи не само хуманост и надеж за пациентите, туку и верба во здравствениот систем, вели д-р Мојсова Мијовска.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk