ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХИБРИДНИ ЗАКАНИ

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026 13:11
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, РЕГИОН, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Михаил Звинчук

Михаил Звинчук

Share on FacebookShare on Twitter

Протерувањето на Михаил Звинчук, основач на влијателната руска пропагандна мрежа „Рибар“, од Црна Гора и неговото заминување во Србија отвора нови прашања за руските операции на информациско влијание на Западен Балкан, но и за постапувањето на безбедносните институции.

Во опсежното истражувачко-аналитичко досие „Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот“, Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (CHTM) ги анализира околностите на приведувањето, руските реакции, меѓународните санкции против Звинчук и регионалните врски на неговата мрежа.

Звинчук, неговата сопруга и тројца соработници беа приведени на 9 октомври во црногорското приморско место Рисан. По безбедносната обработка, властите ги протераа поради проценета закана за националната и внатрешната безбедност.

Според информации што црногорскиот весник Vijesti ги добил од безбедносни извори, постојат сомневања дека групата подготвувала медиумски содржини насочени кон претставување на европските интеграции на Црна Гора како штетни за нејзината економија и националните интереси. Звинчук ги отфрла сомневањата и тврди дека снимале документарен филм за историските и верските врски на Русија со балканските народи.

Но зошто групата, наместо во Русија, замина токму во Белград?

Србија не ги применува главните европски санкции против Русија, а Звинчук веќе има воспоставено контакти и активности во Србија и Република Српска. Во Белград функционираат и регионалните редакции на руските државни медиуми „Спутник“ и „РТ Балкан“. Документирана е и институционална соработка меѓу српските и руските разузнавачки структури.

Сепак, нема јавно потврдени докази дека српските власти му обезбедиле политичка заштита или однапред договорено засолниште.

Кој е човекот што го придружуваше рускиот амбасадор до аеродромот во Подгорица?

Звинчук е поранешен припадник на руските вооружени сили и основач на медиумската мрежа „Рибар“, која има повеќе од милион следбеници на Телеграм. Тој е под санкции на Европската Унија, додека американскиот Стејт департмент нуди награда до 10 милиони долари за информации поврзани со активности на „Рибар“ во операциите на странско мешање во американските избори.

Реакциите од Москва беа остри, вклучително и заканувачки пораки од Дмитриј Медведев.

Но случајот отвори и непријатно прашање за Подгорица: дали со брзото протерување на санкционираниот Звинчук, и тоа во земјата што самиот ја избрал, црногорските власти практично му овозможиле да избегне понатамошна истрага? Санкциите не претставуваат автоматски налог за апсење, но остануваат прашањата за зачувувањето на доказите и меѓународната безбедносна координација.

Анализата на ЦИВИЛ ги разгледува и регионалните активности на „Рибар“, документираните врски со Србија и Босна и Херцеговина, како и прашањето за евентуално присуство во Северна Македонија, за кое засега нема независно потврдени докази.

Што навистина правела групата во Црна Гора, зошто Белград бил избран како следна дестинација и дали протерувањето ја отстранило безбедносната закана или само ја преместило преку границата?

Овие и други аспекти се обработени во целосното истражувачко-аналитичко досие на CIVIL | Hybrid Threats Monitoring (CHTM).

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ЦЕЛОСНОТО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk