ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Суд во Њујорк ја отфли молбата на принцот Ендрју за прекинување на процесот за сексуален напад

January 12, 2022 18:50
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американски судија денеска го одби барањето на принцот Ендру да се откаже од тужбата за сексуален напад, што е поведена против овој член на  британското кралско семејство.

Француските медиуми пренесуваат дека со оваа одлука на судијата Луси Каплан, од судот во Њујорк, се дава зелено светло за продолжување на случајот.

Њујоршкиот судија во својата одлука наведува дека молбата на Ендрју да се отфрли граѓанската тужба поднесена од Вирџинија Џуфре е „отфрлена во сите аспекти“.

Џуфре тврди дека Епштајн ја нудел за сексуални услуги на негови богати и влијателни партнери, меѓу кои и на принцот Ендру, тврдење кое вториот син на кралицата Елизабета Втора постојано и категорично го негира.

Минатата недела, адвокатите на Ендрју го повикаа судијата Каплан да ја отфрли тужбата, повикувајќи се на договорот што Џуфре го потпишала во 2009 година со починатиот финансиер Џефри Епштајн.

Адвокатот на Ендрју, Ендрју Бретлер, изјави дека Џуфре „се откажала од своите права“ да гони други обвинети во врска со наводните сексуални престапи на Епштајн.

Договорот, што овој месец за првпат беше објавен од судот во Њујорк, покажува дека Џуфре се согласила да се откаже од граѓанска тужба против Епштајн за што добила 500.000 американски долари.

Договорот содржи одредба што ги штити „другите потенцијални обвинети“ од тужби поврзани со наводен сексуален напад од страна на Епштајн, кој изврши самоубиство во затвор во 2019 година.

Минатата година, Џуфре поднесе тужба против принцот Ендрју за неодредена отштета, тврдејќи дека сексуално ја нападнал во 2001 година, кога таа имала 17 години. Таа тврди дека Ендру ја нападнал и во домот на Епштајн во Њујорк и на приватниот остров на Епштајн на Американските Девствени Острови. Според обвинувањата на Џуфре, принцот Ендру сексуално ја нападнал и во станот на Гислајн Максвел во Лондон, која во декември беше прогласена за виновна за недозволена трговија со малолетници за потребите на Епштајн.

Против принцот Ендру (61) не покренато обвинение за сторено кривично дело.

Принцот Ендру ретко се појавува во јавноста откако во 2019 година беше ослободен од своите должности на британскиот двор, затоа што не успеа да се дистанцира од Епштајн.

Доколку случајот продолжи и Џуфре и принцот Ендру не успеат вонсудски да се договорат, може да се очекува во втората половина од годината да се одржи судење со поротници.

извор; МИА
Next Post

Цената на нафтата надмина 84 долари

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk