Русија под авторитарното владеење на Владимир Путин излезе од границите на цивилизираните меѓународни односи и затоа нејзиното однесување е апсолутно непредвидливо, изјави амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук во интервју, во врска со тензиите на украинско-руската граница.
На прашањето „Колку е реална заканата од Русија“, украинската амбасадорка смета дека заканата од војна е многу реална, а реални се и дејствата на Русија за дестабилизација на внатрешната ситуација во Украина, со бројни провокации. Режимот на Путин самиот создава конфликтни ситуации и конфликтни зони со цел потоа да бара свое учество во нивното решавање.
Исто така истакна дека заканата од целосна инвазија од страна на руската армија е главна тема во Украина веќе цела година.
„Со исклучок на Руската Федерација, сите други меѓународни актери – Србија, Косово, сите земји во регионот, меѓународната заедница – се стремат да се реши српско-косовското прашање. На Русија не ѝ одговара решавањето на прашањето на Косово и стабилизирањето на ситуацијата во БиХ, бидејќи решавањето на овие прашања значително ќе ја намали нејзината политичка улога и способност да влијае на внатрешните процеси во регионот“, одговори Задорожњук.
Задорожњук вели дека денес, земјите од регионот, заедно со Украина, се уште едно место на спротивставување меѓу Русија и Западот. Од појавата на хибридни трупи на Руската Федерација во регионот ја спасува географската оддалеченост и присуството на трупите на НАТО во регионот, но овие фактори не спасуваат од пројавување на хибридни информации и економска (погледнете ги цените на гасот и топлинската енергија во вашата земја) агресија.