Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска одржа состаноци со раководителите од сите сектори во Министерството за да се запознае со тековното работење и заради заедничко планирање и реализирање на натамошните активности.
Како што информира МОН, Шаќири предочи дека ќе го води Министерството како прв човек на зеднички тим и очекува дека секој вработен ќе даде целосен придонес, раководејќи се од начелата на професионалност, стручност и мотивација.
Со целото Министерство за образование и наука, во периодот што претстои, ќе продолжиме да го градиме националниот образовен систем како столб на општеството. Тоа е наш приоритет. Само преку квалитетно основно, средно и висoко образование, како и натамошни вложувања во наука, можеме да ја оствариме целта за создавање подобро општество за сите, нагласи министерот Шаќири.