ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влошена епидемиолошката состојба – расте бројот на новозаразени и на реинфекции

January 19, 2022 08:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Фото: Fernando Zhiminaicela / Pixabay

Фото: Fernando Zhiminaicela / Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

За една третина (33,9 отсто) е зголемен бројот на нови КОВИД-случаи од 10 до 16 јануари споредено со претходната седмица односно дијагностицирани биле 11 123 од направени 45 401 тест и просекот на позитивност бил 24,4 отсто. Епидемиолошките информации укажуваат дека земјата се наоѓа во пик на заразата и затоа, по препорака на Главниот координативен кризен штаб, Владата донесе одлука второто полугодие за околу 255 илјади ученици наместо утре да почне на 1 февруари.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, од минатиот до понеделникот оваа недела, половина од заразените (50,6 проценти т.е. 5630) се од Скопје. Најзастапена возрасна група кај инфицираните е од 30 до 39 години. Зголемување на бројот на заболени има кај сите возрасни групи, особено кај лицата над 60 години, со раст од 99,6 отсто и кај тие од 50 до 59 – со зголемување од 90,3 отсто во однос на претходната недела. Во текот на минатата недела пријавени биле 1247 реинфекции, што споредено со неделата претходно е зголемување од 31,8 проценти. Од вкупно 96 позитивни примероци на SARS-CoV-2, кај 57 (59,4%) е детектиран сојот омикрон, откриен во седум градови (Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија).

Неделниот извештај на ИЈЗ покажува и дека од 10 до 16 јануари имало 55 смртни случаи од КОВИД-19, во 15 градови, што е за 34,1 проценти повеќе од минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (22) и се луѓе над 60 години. На болничко лекување се 439 лица што е една четвртина повеќе во
споредба со претходна недела.

Со новите 2269  КОВИД-случаи од  последното деноноќие, од кои 1169 се во Скопје и 310 се реинфекции, дијагностицирани со коронавирус во земјава од почетокот на епидемијата достигна  247 663. Активни случаи има 17 218 и од нив 9167 се во главниот град. Четирицифрен број активни има Битола (1516), речиси илјада (960) се во Прилеп, а над триста имаат Куманово (662), Охрид (548), Кавадарци (426),Струмица (345) и Велес (327).

Влошена е епидемиолошката состојба и во земјите од Западен Балкан, а особено е тешко во Словенија, Србија и Хрватска, каде вчера се евидентирани рекорден број новозаразени. Србија регистрираше 18 006 случаи од 39 740 тестирани примероци, соопшти Министерството за здравство, откако претходно премиерката Ана Брнабиќ го најави негативниот рекорд соопштувајќи дека „бројот ќе биде катастрофален“.

Од речиси 40 000 тестирани, 45,3 отсто биле позитивни, што значи дека речиси секој втор тестиран бил заразен со корона. На почетокот на годината во Србија дневно имаше нешто повеќе од 2000 заразени, но бројот на заразени почна нагло да расте, што експертите го поврзуваат со масовните собири за прослава на Нова година.

Позитивни на брзи антигени тестови во изминатото деноноќие во Хрватска биле 6001 лице од тестирани 40 575. Кога ќе се додадат позитивните кои направиле ПЦР-тестови, се доаѓа до 13 549 новозаразени, што е рекорд од почетокот на пандемијата во таа земја.

Апсолутен дневен рекорд од 8681 нов случај на коронавирус беше потврден вчера и во Словенија, каде што стапката на позитивност достигна речиси 63 отсто. Неделниот пораст на нови случаи е речиси 17 отсто.

Во Босна и Херцеговина вчера се регистрирани 3342 новозаразени лица од вкупно 7529 тестирани за коронавирус. Во изминатите 24 часа во земјата починале 39 лица. Во последните 24 часа во Црна Гора од коронавирус починале шест лица, а регистрирани се 1814 нови случаи на зараза. Едно лице почина како последица на коронавирусот и 720 се позитивни во Косово, каде што во моментов има 5678 активни случаи.

Пик на заразата бележат и земји што се далечни од нашиот регион – Австралија вчера се соочи со најсмртоносниот ден од избувнувањето на пандемијата бидејќи ширењето на сојот омикрон продолжи да ги зголемува стапките на хоспитализација на рекордно ниво, и покрај падот на дневниот број нови инфекции.

Во земјата вчера беа регистрирани 77 смртни случаи, што го надминува претходниот национален максимум од 57 смртни случаи регистрирани минатиот четврток.

Австралија досега има пријавено околу 1,6 милион инфекции со коронавирус од почетокот на пандемијата, од кои околу 1,3 милион се регистрирани во последните две недели.

Наспроти информациите дека омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да ја запре пандемијата, американски официјални лица од здравството повикуваат на внимателност.

Ентони Фаучи, главен советник за здравство во Белата куќа, за време на виртуелен панел, рече дека КОВИД-19 може да остане со нас засекогаш како ендемска болест. Големо прашање е, рече тој, дали намерно инфицирање со вирусот е слично на вакцинација на што сите се надеваат.

– Тоа ќе биде случај ако не се појави друга варијанта која го надминува имунолошкиот одговор на претходната. Но, и тогаш КОВИД-19 најверојатно ќе стане дел од светот како ендемска болест, рече Фаучи. /МИА/.

Next Post

Најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk