ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Синагога, црква и џамија под еден покрив во „Куќата на Едниот“

January 19, 2022 16:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, СВЕТ
Пасторот Грегор Хохберг, рабинот Андреас Начман и имамот Кадир Санчи

Пасторот Грегор Хохберг, рабинот Андреас Начман и имамот Кадир Санчи

Share on FacebookShare on Twitter

„Во потрага по другиот“ – на почетокот на Новата година, свештеникот Грегор Хохберг, рабинот Андреас Начама и имамот Кадир Санчи од Куќата на едниот се среќаваат на меѓурелигиска прослава во Собата на тишината кај Бранденбуршката порта во Берлин. Прославата се пренесуваше во живо на Deutschlandfunk.

„Собата на тишината треба да биде постојан повик за братство и толеранција меѓу луѓето, меѓу националностите и светогледите, постојан потсетник против насилството и ксенофобијата – мал чекор кон мирот, според молитвата на Обединетите нации.“ (Емануел Левинас).

На почетокот на Новата 2022 година, еврејските, христијанските и муслиманските верници заедно слават и се молат на ова историско место среде Берлин. Тие ги споделуваат своите верски традиции и во исто време тргнуваат во потрага по другиот. Тројцата свештеници од фондацијата „Куќа на едниот Берлин“ раскажуваат што носат и што бараат. Во средината на христијанскиот празник Богојавление, кој започна на 6 јануари со Богојавление, тие се посветуваат на самата актуелна порака дека секој друг човек секогаш носи Божја искра во себе.

Пасторот Грегор Хохберг, рабинот Андреас Начман и имамот Кадир Санчи

Што е Куќата на едниот?

Група христијани, евреи и муслимани во „срцето“ на Берлин, во мај 2021 година започна изградбата на заеднички дом наречен Куќата Едниот (House of One), во кој ќе можат да се обединат сите три религии. Целта е да се надминат конфликтите и сомневањата.

Со години тоа беше само идеја, која сега, почнува да станува реалност. Во центарот на Берлин, само неколку минути од најпопуларните и историски области во градот.

Пасторот Грегор Хохберг кој помага во водењето на иницијативата тогаш рече дека е ова важен проект за Берлин.

„Евреите, христијаните, муслиманите, како и атеистите и луѓето од други религии, зборуваат за тоа најмалку десет години. На градот му треба место како „Куќата на Едниот“ (House of One), за да им се даде можност меѓусебно да се ангажираат. Тоа е исклучително важен симбол“, додаде Хохберг,

Куќа на едниот е објект на 700 годишната историја на Берлин. Локацијата на Куќата е во областа каде што започнало подигањето на градот Берлин во близина на црквата Патрикирче (Petrikirche). Црквата од 13 век имала највисока кула во Берлин и преживеала во различни форми сè додека не ја срушила комунистичката влада од Источна Германија во 1964 година. Областа била ризница за археолозите, кои пронашле остатоци од над 3.000 луѓе закопани кај црквата, како и урнатини на други цркви.

Проект кој обединува

Куќата на Едниот треба да биде готова за пет години. Тоа ќе биде дом на црква, синагога и џамија, изграден за да служи како симбол на соживотот. Структурата ќе биде од камен и тула, висока 40 метри. Буџетот за изградба од околу 43,5 милиони евра е во голема мера обезбеден.

Куен Малвеци победи на меѓународниот архитектонски конкурс за Куќата на еден во 2012 година. Краткиот конкурс бараше објект – зграда што ќе ја прекинува и обединува нашата секојдневна перцепција за градот.



 

Планот е од особено значење за Осман Орс, имам вклучен во проектот.

„Берлин е дом на повеќе од 80 џамии и исламски простори за молитви, но ова ќе биде прв во центарот на градот. Ова ќе стане најцентралната џамија во Берлин“, рече Орс.

„Некои муслимани се збунуваат кога бараат на Гугл џамија во центарот на градот. Се досега, сè што ќе најдеа беше скица објавена на градилиштето.“, додаде тој низ смеа.

Ангажман, а не конфликт

„Важно е секогаш да се обидувате да разберете како некој друг ги гледа работите, од каде доаѓа некој или во што верува. Општеството профитира кога има дијалог. И тоа е она што го правиме тука”, вели Хохберг.

Дури и без „физичка“ зграда, учесниците во „Куќата на Едниот“, веќе се собраа во повеќе прилики, радосни и тажни, како на пример по нападите против муслиманите во Нов Зеланд, Христијаните во Шри Ланка и Евреите во САД и Германија.

„Станавме пријатели. Увидовме дека рабин, имам и пастор стојат рамо до рамо. Екстремизмот не може да ги уништи верата и мирот, но може да ги оштети. Ние мора активно да направиме нешто во врска со тоа”, рече Орс.

Проектот доби значителна политичка поддршка, вклучувајќи финансирање од федералните и државните власти во Берлин. Фондацијата зад „Куќата на Едниот“, која е предводена од градоначалникот на Берлин, Михаел Милер, вклучува истакнати политички лидери и раководители на најголемите јавни културни институции. Волфганг Шојбле, влијателен конзервативен политичар кој претседава со германскиот парламент Бундестагот, е еден од неколкуте високи гости што ќе присуствуваат на поставувањето камен-темелник во четврток и треба да говори.

подготвил: Ј. Ѓорѓиоски

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

Дуковски: Казната е превисока, Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот

May 13, 2025

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk