ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(Видео) Јовановиќ: Да ги вратиме економските политики кои работат за граѓаните, не олигарсите

Јовановиќ изјави дека поради три главни работи Владата потрфлила во 2019 година. Првата причина според него е аферата „Рекет“, за која вели дека ги открива сите слабости во правосудниот систем, втората се ЕУ интеграциите, а третата - пресвртот во економските политики.

January 4, 2020 14:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бранимир Јовановиќ смета дека Владата на почетокот работела добро, но дека во 2019 година направила голем чекор назад, во разговор за Цивил Медиа.

Јовановиќ изјави дека поради три главни работи Владата потрфлила во 2019 година. Првата причина според него е аферата „Рекет“, за која вели дека ги открива сите слабости во правосудниот систем.

„Тоа е всушност најзастрашувачкото нешто околу „Рекет“, тоа што покажува дека власта не направи речиси ништо за најголемиот проблем што ние го истакнувавме изминативе пет години. Втората работа е негативниот исход со надворешната политика, односно со ЕУ интеграциите. Тоа веројатно не е поради наша вина, ние го направивме нашиот дел, но ЕУ едноставно не испорача. Се согласувам со тоа, но, мислам дека неуспехот за ЕУ интеграцијата покажува друга работа, а тоа е дека Владава во изминативе две ипол години целосно беше фокусирана на надворешна политика и многу малку направи за решавање на домашните проблеми  кои беа посериозни од надворешната политика“, вели Јовановиќ.

Тој како трета причина го додаде пресвртот во економските политики кои се случија во 2019 година.

„Пресврт со смената на претходниот министер за финансии Тевдовски, со именувањето на неговата наследничка Ангеловска и укинувањето или замрзнувањето на прогресивниот данок. Тоа е загрижувачки, затоа што со сите тие мерки, Владата како да покажа дека сè уште е во рацето на олигарските, како што беа речиси сите влади во последниве 30 години во оваа држава“, додава Јовановиќ.

Според Јовановиќ, приоритети за 2020 година треба да бидат токму решавањата на овие три најголеми проблеми.

„Јасно ми е дека не може да се смени сè преку ноќ и е потребно време, но она што сакам да го видам не се резултати, туку решеност да се решат тие проблеми“, вели тој.

Во однос на ЕУ интеграциите, тој вели дека државата треба повеќе да работи на домашните проблеми, како на пример функционирањето на институциите, образованието, реформи во здравството, мерки за загадувањето и друго.

„Сакам да видам враќање на патот на економски политики кои работат во полза на граѓаните, работниците, сиромашните, екплотираните, угнетените, а не политики кои им одговараат на олигарсите, моќниците, големите компании и бизнис заедницата“, вели Јовановиќ.

Next Post
Цветан Трипуновски

Димковски: ВМРО-ДПМНЕ го пушта низ вода заменскиот министер Цветан Трипуновски

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk