Постојат многу докажани теории за ефектот на бојата врз расположението, па зошто оваа зима да нè пробате некои тонови кон кои досега не сте биле склони?
„Street style“ комбинациите и инстаграм профилите на многу љубители на модата веќе се обземени од овој тренд, кој промовира светли тонови на розова, црвена, жолта, портокалова, зелена, светло сина…
View this post on Instagram
Ваквите парчиња се навистина совршени за почетокот на годината по празниците, а модните познавачи веќе го измислија терминот „допаминска облека“, што значи модни комбинации во бои кои автоматски го подигнуваат расположението.
Ешли Робертс освои впечатлива розова боја. Извор: Profimedia Автор: Tayfun Salci / Zuma Press / Profimedia
Иако многу луѓе во зима преферираат неутрални тонови како сива, црна или тегет, добро е одвреме-навреме да излезете од зоната на удобност.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Смелите тонови никогаш не биле толку популарни, што е тренд поттикнат од пандемијата, поради што сега многу повеќе се има наклонетост кон боите и дезените за да внесе барем малку ведрина во нималку веселото секојдневие.
View this post on Instagram
Таканареченото допаминско облекување навистина го подигнува расположението, па нема да погрешите ако зграпчите нешто што не е црно или сиво, како што е прекрасната портокалова и лимоновата жолта, што, според експертите, може да стане новото црно!
View this post on Instagram
Трендовски капут или ватирана јакна, панталони во неочекувана нијанса, плетен фустан или предимензиониран џемпер ќе му дадат сосема нова димензија на секој стајлинг, а не е непознато дека светлите бои нè прават попривлечни и помлади.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Дозволете си да се инспирирате од овие впечатливи стајлинзи на познатите ѕвезди на Инстаграм, на кои изгледа никогаш не им недостасува инспирација за кул комбинации.
подготви: Ј. Ѓ.