Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречило 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни возила, соопштуваат од МВР.
Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за непочитување на првенство на минување, три санкции за возач почетник.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, нведуваат од МВР.
Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.





