ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Премиерите Ковачевски и Петков го посетија новоотвореното дописништво на МИА во Софија

January 24, 2022 19:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерите на владите Димитар Ковачевски и Кирил Петков, во рамките на официјалната посета на делегацијата на Владата на Северна Македонија на Софија, го посетија Македонскиот културно-информативен центар во главниот град на Бугарија за официјално да го означат почетокот на работата на дописништвото на Медиумската информативна агенција на Северна Македонија (МИА), во Софија.

За време на посетата на премиерите на Северна Македонија и Бугарија им беа врачени пригодни подароци како симбол на заедничката определба постојано да се заложуваат за борба против дезинформациите и говорот на омраза.

Премиерот Ковачевски порача дека дописништвото на МИА во Софија е реализација на заедничката иницијатива за отворањето на дописништва на државните информативни агенции во Скопје и Софија како чекор кој ќе обезбеди редовни, релевантни и објективни информации за граѓаните и за медиумските заедници во Северна Македонија и Бугарија.

Автентичните информации, нагласи Ковачевски се единствениот одговор во борбата против дезинформациите и медиумската соработка е многу значајна во таа насока, и дека борбата против дезинформациите во голема мерка ќе го намали и говорот на омраза.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски додаде дека нема подобра мотивација во работата кога резултатите стигаат брзо како во овој случај кога откако пред недела дена Бугарската новинска агенција (БТА) отвори дописништво во Скопје, а денес во Софија МИА отвора свое дописништво во Бугарија.

„Ние сме пријателски народи и наша должност е да градиме пријателства, и заради сегашните и заради идните генерации, а медиумите и новинарите имаат суштински важна улога за остварување на тие заложби“, рече премиерот Ковачевски на отворањето на дописништвото на МИА во Софија.

Како дел од програмата на посетата на премиерот Ковачевски на Софија, тој и премиерот Петков претходно положија венци свежо цвеќе на спомениците на Непознатиот воин и на Светите браќа Кирил и Методиј.

Next Post

Од каде музика пак да се вивне

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk