Mакедонскиот премиер Димитар Ковачевски, во Софија, имаше средба и со претседателот на Бугарија, Румен Радев.
Ковачевски како што брифираат, истакнал дека на политичарите е да гарантираат дека решенијата ќе го штитат достоинството и на граѓаните на Северна Македонија и на граѓаните на Бугарија.
Радев истакнал дека средбите се на највисоко ниво испраќаат силна и јасна симболична порака до јавноста и во таа насока двајцата се согласиле дека свој придонес се очекува и од сите идни средби на највисоко политичко ниво.
„Република Бугарија силно се залага за европската интеграција на Република Северна Македонија, при што смета на целосна отвореност и искрен дијалог и доверба, со подготвеност заедно да ги решаваме сите прашања.”, истакна Радев.
М. Ацковска





