ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Катастрофа: Словенија забележала пад од 6 места на Индексот за корупција!

Што кажува ова македонско едногодишно перцептивно подобрување од 111 место (2020) на 87 место (2021), во споредба со 2015 година, кога сме биле на рекордно доброто 66 место на истиот овој Индекс на Транспаренси, ако се знае текот на десетина сегашни судски процеси од времето на режимот на Груевски кога, баш околу тој период, се направени некои од најголемите коруптивно-криминални грабежи во модерната историја на државава?

January 26, 2022 09:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Да се случеше годинава Македонија да ПАДНЕ за 24 места во годишниот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, верувам дека тоа ќе беше главната вест на неделата (што ќе се „растегнува“ цела година) за сите медиуми, политички фактори, невладини организации, коментатори и други модератори на овдешното јавно мнение. Ќе имаше посебни (и посебно хистерични) прес-конференции, дузина дебатни емисии, специјални прилози и соопштенија со кои ќе бевме преплавени за „општиот хаос во државава“ и за „криминалите на власта“.

Вака, бидејќи рејтингот ни е ПОДОБРЕН за цели 24 места, тоа речиси и да не е вест, многу медиуми протоколарно ја одбележаа, потиснати со вестите од Софија, невремето во Турција, настаните околу Украина, состојбата со пандемијата и новите гаќи на Карлеуша. Ова ќе биде вест за еден ден.

На рејтинг-листата од регионот, сега зад нас се Србија (96 место, со пад од две места), Албанија (110, со пад од 7 места), Босна и Херцеговина (110 место), ние го делиме 87-то место со Косово (ние со раст од 24, тие од 14 места), а пред нас се Словенија (41), Грција (58), Хрватска (63), Црна Гора (64) и Бугарија (78).

Од тука натаму, сѐ е работа на толкување. На пример, бидејќи Словенија паднала големи 6 рејтинг места во споредба со лани, а ние сме се искачиле за 24 места, значи ли тоа дека забрзано ги стигнуваме Словенците во тамошната и овдешната перцепција за распространетоста на корупцијата? Верува ли некој дека навистина сме полоши од, да речеме, Црна Гора за цели 23 места? Или дека Албанија е фрапантно покорумпирана од Бугарија, со разлика од 32 места? И, што значи податокот дека нашето 87 место го делиме со Колумбија или Суринам, на пример?!

Конечно, што кажува ова македонско едногодишно перцептивно подобрување од 111 место (2020) на 87 место (2021), во споредба со 2015 година, кога сме биле на рекордно доброто 66 место на истиот овој Индекс, ако се знае текот на десетина сегашни судски процеси од времето на режимот на Груевски кога, баш околу тој период, се направени некои од најголемите коруптивно-криминални грабежи во модерната историја на државава?

Ова кажува дека перцепцијата на граѓанството (сегде, па и овде) е една прилично растеглива материја подложна на „месење“ и „масажи“ со разни помагала: колку пари троши државата на сопствена пропаганда и самопромоција; колку се навистина слободни медиумите и јавноста, воопшто; што вели „меѓународниот фактор“ за успешноста на власта; како јавноста ја вреднува „цврстата рака“, наспроти хаотичните либерал-демократски идеали; колкав е моментниот рејтинг на политичарите по низа неповрзани прашања (да речеме, дали решиле да прават компромис со некој сосед за стратегиски цели), а не само за тоа дали крадат… На пример, знаеме дека во нашиве балкански предели слоганот „Крадат, ама градат!“ има седативно влијание врз перцепцијата за корупцијата и криминалот. А, крадат.

Сите вакви и слични индекси, како овој на Транспаренси Интернешнл, кои мерат перцепции на различни теми во светот, се базираат на лабави критериуми за кумулативните расположенија на граѓаните во државите. Тие колку што се потпираат на фактички ситуации и научни методологии, толку се и „одокативни“ мерења на расположенијата кои тешко се објективизираат низ бројки и статистики, коишто потоа, сите на купче, растегливо се интерпретираат, во рамките и на некои генерални и културно сензитивни „калапи“ коишто не важат насекаде исто. Што вели еден пријател кој неодамна беше во Словенија – истата оваа со која минатата година си ги приближивме рејтинзите за корупцијава за цели 30 места – за да бара сместување за ќерка му која студира во Љубљана: „Изгубив цела недела барајќи стан по универзитетски списоци и државни ранг-листи, а овде ќе ја завршев работата за 50 евра во еден ден!“

И добро е ова, макар и со малку шега, да се каже токму кога бележиме голем напредок на листата на Транспаренси, за од овие мерења да не правиме бауци и да не шириме митологии за политичка (зло)употреба ни во оптимистичка ни во песимистичка насока. Факт е дека Македонија, по падот на претходната груевистичка власт, вложува сериозни системски напори да ги подобри работите во сферата на борбата против криминалот и корупцијата, како што е факт дека разни и бројни поединци вложуваат лични коруптивно-криминални напори системот да не успее.

Ете, минатата година, вели Транспаренси, перцепцијата на јавноста за овие теми значително се подобрила. Но, работите се далеку од посакуваната Словенија!

Ајде, сега, сите заедно да отслушаме што имаат да кажат нашите партиски инфо-навивања за темава…


Преземено од Цивил Медиа. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Бајден: Можни се санкции лично против Путин доколку Русија ја нападне Украина

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk