ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска – Галовеј: Продолжува соработката во правец на унапредување на политиките за добро владеење

January 26, 2022 15:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата држава, Рејчел Галовеј, која на вицепремиерката Грковска ѝ го честиташе стапувањето на новата должност и ѝ посака успешен мандат и остварување на програмските приоритети во интерес на граѓаните.

Амбасадорката Рејчел Галовеј потврди дека Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Северна Македонија и нагласи дека двете страни ќе продолжат да работат заедно во правец на просперитет на земјата,  со акцент на засилена соработка на полето на дигитализацијата, владеење на правото и професионализација на институциите.

Вицепремиерката Грковска, ја изрази својата цврста решеност и посветеност на досега зацртаните стратешки цели за добро владеење во државата, со фокус на владеењето на правото, дигитализацијата и решителна борба со корупцијата.

„Како Влада имаме динамичен старт, дефиниравме остварливи приоритети и долгорочни решенија кои се однесуваат на стратешките интереси на државата. Нашиот фокус е на борбата со корупцијата во која ќе се вклучат сите институции на државата, додека  Владата на Република Северна Македонија ќе ја обезбеди легалната основа за спроведување на овој процес. Еден од клучните приоритети ни е и дигитализацијата која е всушност база за спроведување на политиките на добро владеење“, истакна вицепремиерката Грковска.

Таа подвлече дека во овој процес клучно ќе биде и интензивирањето на соработката со невладиниот сектор.

Вицепремиерката го подвлече значењето на донесување на Законот за конфискација на сопственоста кој е во драфт верзија и ја истакна важноста од неговата посветена  имплементација како и подобрениот системски пристап во процесот јавни набавки.

На средбата амбасадорката Галовеј ја подвлече подготвеноста на Кралството Велика Британија да ги споделува своите искуства во таргетираните области и да ги поддржува клучните реформски процеси.

Заменичката Грковска и aмбасадорката Галовеј се согласија дека ќе продолжат со плодната соработка во насока на остварување на стратешката цел на Владата за добро владеење со цел државата да има професионални институции кои работат во полза на граѓаните.

Next Post

Клиниките за кожни болести и за неврологија ковид-центри, ковид оддел во ГОБ „8 Септември”, наставата со физичко присуство

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk