Најмалку 36 лица загинаа, а 23 се повредени откако во Камбоџа се урна пансион за туристи во изградба. Десетина работници останаа под урнатините.
Како што соопштуваат службените лица, зградата од седум ката се урнала во крајбрежниот град Кеп, околу 160 километри од престолнината Пном Пен, јавува „Ројтерс“.
Меѓу 36-те загинати се и шест деца, како и 14 жени, наведуваат службените лица, не објаснувајќи како децата се нашле на градилиштето.